Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
„Разговорот се фокусираше на обидите да се ослободат заложниците од заробеништво и продолжувањето на борбите во Појасот Газа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Според соопштението, Рубио „ја изразил недвосмислената поддршка на САД за Израел и неговите политики“.