Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли можноста Хамас да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинската самоуправа, велејќи дека останува на своето ветување дека „ден по војната во Газа, ниту Хамас, ниту палестинската самоуправа нема да бидат таму“, јавуваат агенциите.
Тој ја истакна својата посветеност на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно раселување на Палестинците од Појасот Газа. Претходно денеска, арапските медиуми објавија дека Хамас се согласил да ја отстапи контролата над Газа на палестинската самоуправа како дел од преговорите за трајно завршување на војната.