Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември минатата година изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13,2 отсто, Транспорт и складирање за 12,3 проценти и Рударство и вадење на камен за 12 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС. За споредба просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, изнесувала 41.999 денари. Просечната бруто-плата во декември 2024 година достигна 65.582 денари.