Папата Франциск почина на 21 април 2025 година на 88-годишна возраст. Претходно лежеше пет недели во болница борејќи се со пневмонија и не може да се каже дека е чудно тоа што починал. Фактите говорат дека тој бил жив до денот кога беше објавено дека починал. Нема ништо невообичаено во неговата смрт, ниту пак датумот на смртта има некаква врска со прогласувањето за светец. Тоа е долга и добро утврдена процедура, постапката за канонизација има шест чекори кои мора да се поминат пред некој да биде прогласен за светец. Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
И сега мислите вистински папава умрел денес или му рекле така да го прогласат за светец како мајка тереза
Објавата шири некаква теорија на заговор дека папата Франциск починал претходно, но сега само е објавена веста, за тој да бил прогласен за светец. И едното и другото немаат никаква врска со реалноста и фактите. Имено, папата Франциск почина на 21 април 2025 година на 88-годишна возраст. Имајќи ја предвид неговата возраст и тоа што претходно лежеше пет недели во болница борејќи се со пневмонија, не може да се каже дека е чудно тоа што починал. Тој ја напушти болницата Гемели во Рим на 23 март, а по излегувањето од болницата, ја поздрави насобраната толпа и автомобилот со кој патуваше се упати кон црквата во Рим, а потоа кон неговиот дом во Ватикан. Тој во инвалидска количка се појави во јавноста и на 6 април, на плоштадот Свети Петар во Рим на крајот од мисата за болните. Последен пат папата се појави во неделата (20 април) на Велигден.
Според тоа, не може да се каже дека тој бил починат многу порано. Што се однесува до тврдењето дека папата Франциск сега ќе го прогласат за светец, процедурата за тоа не е толку едноставна и мора да поминат пет години од неговата смрт за да се започне со тоа. Како што ја објаснува постапката за канонизација Британика, има шест чекори кои мора да се поминат пред некој да биде прогласен за светец.
Како воопшто да станете католички светец? Излегува дека само треба да ги следите овие шест чекори. Чекор 1: Умрете. Живите луѓе не можат да бидат светци! Чекор 2. Почекајте пет години. Емоциите разбирливо се зголемуваат откако некој ќе почине, па затоа се наметнува период на чекање за да се овозможи објективна проценка за животот на една личност. Црквата направи неколку исклучоци од петгодишното правило, вклучително и во случајот со Мајка Тереза: Папата Јован Павле II го започна процесот на нејзина канонизација помалку од две години по нејзината смрт. Чекор 3: Бидете сигурни дека сте живееле свет живот. Ќе ви требаат луѓе кои ве познавале за да го убедат вашиот бискуп дека сте живееле живот со извонредна светост или доблест. Потоа тој бискуп ќе го презентира вашиот случај пред Ватикан за разгледување од страна на специјален трибунал. Ако поминете, ќе бидете именувани за „Божји слуга“. Чекор 4: Добијте одобрение од папата. Вашиот живот го разгледува група теолози за докази за „херојска доблест“. Ако папата се согласи, ја заработувате титулата „Преподобен“. Чекор 5: Извршете чудо. По дефиниција, светците примаат молитви и се застапуваат кај Бога во име на молителот. Откако ќе се потврди чудото, можете да бидете „беатифицирани“ и да ви се даде титулата „Благословени“. Ако сте биле маченици, можете да го прескокнете чудото и да продолжите директно на беатификација. Чекор 6: Бидете канонизирани! Во ред, не е толку лесно. Ви треба уште едно потврдено чудо (или само едно, ако сте биле маченик) пред да бидете канонизирани и официјално признати како светец. Потоа папата ќе ја прогласи вашата светост на посебна миса во ваша чест, пишува Британика.
Според ова, дали папата Франциск во иднина ќе биде прогласен за светец, останува да видиме. Од сето погоре, може да заклучиме дека објавата што ја анализираме, е невистина.