Станува збор за измамничка објава којашто води до надворешен линк, каде се прави обид да се соберат личните податоци на граѓаните и по пат на измама со невистинито ветување дека „плаќаат 120 денари за лаптоп како дел од промоција во Anhoch“. Уште веднаш е евидентно дека станува збор за измамничка објава, бидејќи не е споделена од официјалната Фејсбук страница на „Anhoch“, туку од посебно креирана и непроминентна страница на Фејсбук, неповрзана со фирмата. Станува збор за страница со име „Распродажба на лаптопи“ која во времето на пишувањето на оваа рецензија, има само 6 следбеници, за разлика од официјалната страница на „Anhoch“ која на Фејсбук има над 109 илјади следбеници Рецензираме објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ во која пишува: Продавницата Anhoch ги распределува лаптопите Lenovo повеќе од 2 години за сите жители на Северна Македонија за да направат простор за нови модели. Кликнете подолу за да дознаете како да го добиете вашиот лаптоп. Станува збор за измамничка објава којашто води до надворешен линк, каде се прави обид да се соберат личните податоци на граѓаните и по пат на измама со невистинито ветување дека „плаќаат 120 денари за лаптоп како дел од промоција во Anhoch“.
Компанијата „Anhoch“ нема ваква промоција и не доделува лаптопи. Лажната страница е направена за да се добие пристап до личните податоци на граѓаните – градот од кој доаѓаат, нивната адреса, но и банкарските податоци од нивното лично банкарство, коешто ги доведува во голем ризик да им бидат повлечени финансиски средства откако ќе ја направат лажната нарачка. Уште веднаш е евидентно дека станува збор за измамничка објава, бидејќи не е споделена од страна на официјалната Фејсбук страница на „Anhoch“, туку од посебно креирана и непроминентна страница на Фејсбук, неповрзана со фирмата. Станува збор за страница со име „Распродажба на лаптопи“ која во времето на пишувањето на оваа рецензија, има само 6 следбеници, за разлика од официјалната страница на „Anhoch“ која на Фејсбук брои над 109 илјади луѓе. Официјалната страница на „Anhoch“ е со веродостојни елементи на бизнисот, односно до името го има знакот за верифицирана страница (синото знакче), понатаму содржи адреси, мејлови, телефонски броеви, бројни материјали со промоции и известувања за клиентите, висококвалитетни фотографии и води кон веб-страницата на синџирот маркети за бела техника. Како што може да се забележи, наводното доделување лаптопи за 120 денари, не е наведено на официјалната страница на „Anhoch“, бидејќи не постои и е дел од измамничка шема. За разлика од неа, лажната Фејсбук страница, преку која се мамат граѓаните да ги оставаат личните и банкарските податоци со што би станале жртви на измама, не го содржи ни името на брендот, ниту го има официјалното знакче за верификација (син знак до името), а објавата што ја промовира, содржи грешки и личи како да е креирана со помош на сервис за автоматски превод. Сите објави на лажната Фејсбук страница се со истата измама и ниедна друга постара објава не е креирана, што значи дека само промоцијата на ваквите измамнички содржини е единствената цел за нејзиното постоење. Сите коментари кои се оставени под објавата потекнуваат од ботови коишто имаат интернационални имиња, но во исто време коментарите ги оставаат на македонски јазик. Ниеден од тие коментари не е вистинит и фотографиите користени во објавата, а со кои се прави обид да се излажат граѓаните дека „лаптопите навистина пристигнуваат по нарачката“, се злоупотребени за креација на лажниот пост за да му се додаде веродостојност.
Уште еден знак дека се работи за измама, е тоа што во објавата што ја рецензираме, надворешниот линк, воопшто не е со домејн од „Anhoch“, туку со сосема неповрзан со компанијата: https://store4miis3.quest/click?key=5ead7749a284bb3dda28. Вистиномер и претходно има разобличено слична измама. Секогаш кога при учество во таканаречена наградна игра, нема официјални услови за организација од организаторот и кога таа се споделува од сајтови што не се официјални, тоа е црвен аларм дека станува збор за измама. Најголемиот показател дека се работи за измама, е тоа кога се бараат макар и мали суми на пари за некаква испорака на наградата што сте ја добиле. Вистиниските наградни игри немаат вакво обележје, туку на добитниците наградите им се доделуваат или јавно или бесплатно. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА