„Не се штедете“! – Петар Ниновски и Живко Мукаетов ги советуваа младите на денешната конференција „Чувари на мудроста“
Дали младите да се вработат во голема компанија или да започнат свој бизнис? Одговорот на двајцата говорници е дека додека си млад не мора да се направи избор.
Еден од советите на Мукаетов, директорот на ALKALOID AD Skopje е за младите кои веруваат дека можат да се реализираат преку политиката и државата. За овие млади, Мукаетов го препорачува приватниот сектор затоа што во овие компании секогаш се бараат и наградуваат добрите и посветени работници.
Основачот на Бреинстер, Петар Ниновски, исто така верува дека не постои инстантен успех. Ниновски ги советува младите да не се штедат во првите 15 години од својата кариера: да работат напорно, да се пробуваат, ако треба и да направат грешки во бизнисот, но да умеат да си простат за нив.