Оваа изјава на Кочовска (дека смета дека не навредила никого со својата реплика) ни кажува дека жената нема капацитет да ги процени своите постапки, да преземе одговорност за нив и секако да ни покаже дека разликува добро од лошо (согласно општо прифатените стандарди на актуелниот степен од развој). 1. Таа очигледно не разбира дека со својата изјава дискриминира по основа на пол и на статус. 2. Очигледно не разбира дека таа е подредена на пратениците во Собранието затоа што тие се највисоките претставници на граѓаните, а таа како министер е извршител на вољата на граѓаните. 3. Очигледно не разбира дека единствено нешто кое се бара од неа е да одговори на поставено прашање од страна на пратеник или пратеници. Не да го анализира прашањето, не да го проблематизира прашањето. Не да го негира прашањето. Туку да одговори. 4. И очигледно нема капацитет да разбере дека пратеникот кој го поставува прашањето не го поставува прашањето заради сопствен интерес и врз основа на сопствено искуство, туку како гласноговорник на оние кои го избрале.
Значи, по сите овие основи Кочовска покажува таков степен на неразбирање кој ја доведува во прашање нејзината способност да одговори на барањата на функцијата која и е дадена.