Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не ја исклучува употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.
– Не го исклучувам тоа. Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо. Очајно ни е потребен Гренланд. Гренланд е многу мала група луѓе за кои ќе се грижиме, ќе ги негуваме и сè тоа. Но, ни е потребно за меѓународна безбедност – рече Трамп во интервју за NBC News по повод неговите први 100 дена на функцијата. Трамп, исто така, рече дека анексијата на Канада со воена акција е „многу малку веројатна“.
– Не мислам дека некогаш ќе стигнеме до таа точка, нешто може да се случи со Гренланд… Не го гледам тоа со Канада, едноставно не го гледам, морам да бидам искрен со вас – рече Трамп. Тој повтори дека би сакал Канада да стане 51-ва држава на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека не разговарал за анексијата на земјата кон Соединетите Американски Држави со новиот канадски премиер, Марк Карни, но дека тоа би можело да биде тема кога Карни ќе го посети Вашингтон „оваа или следната недела“.