Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,39 метри надморска височина. Водостојот денеска е 26 сантиметри под просекот за мај или 29 сантиметри над дозволениот минимум.
Регионот деновиве е под влијание на влажна воздушна маса проследено со повремени интензивни врнежи од дожд, што придонесува за подобрување на водостојот во езерото. На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езерото беше два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри. Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите негативно влијае врз него како витален дел на езерскиот еко-систем.