✅Субвенцијата по грло кај кравите до крајот на 2028 ќе достигне 20.000 денари. Субвенциите за овци од 2.000 денари ги зголемуваме на 3.000 денари во 2026 година.
✅150% зголемени субвенции кај предадено јагне во регистрирани кланични капацитети од 400 денари на 1.000 денари.
✅За 300% зголемени субвенциите кај свињарството од 1.000 на 3.000 денари.
✅Во 2025 година нова програма за сточарите од 15.000 евра по корисник за мобилни кланици мобилни молзалишта и мобилни мандри.
✅Преку посебна програма со поддршка од 10.000 евра мотивираме одгледување на бројлери во помали фарми.
✅Креираме и посебна програма со поддршка до 10.000 евра за зголемување на производството на млеко.
✅Започнатиот процес на трансформација на секторот шумарство го продолжуваме, и целосно ќе го заокружиме во 2025. Реформата на АД Водостопанство и рехабилитација на постојната, и изградба на нови системи за наводнување се наш врвен приоритет.
✅Во наредните 4 години вложуваме 200 милиони евра за брани и системи, со кој обезбедуваме над 21.000 хектари земјоделски површини под наводнување.
✅Нови 200 милиони евра во иновации, модернизација и развој преку нашата успешна ИПАРД 3 приказна.
✅Започнатите активности за проектирање и изградба на двата откупни центри во Струмица и Ресен како и логистички дистрибутивниот центар во Скопје, давам збор дека првата година од новиот мандат ќе бидат реалност, и комплетно изградени.
✊Продолжуваме со РЕКОРДНИ инвестиции за РЕКОРДНО ЗЕМЈОДЕЛИЕ!