Ни претстои долг пат за да постигнеме силни и одржливи прехранбени системи. Мораме да инвестираме во програми за поддршка, знаење и вештини за нашите фармери да ја подобрат нивната продуктивност.
Инвестирањето во истражувањето и иновации е од клучно значење за македонското земјоделство. Постигнување на зелена транзиција бара и вклучување на сите засегнати страни, здруженија, агенции, граѓански организации. Наша надеж е дека тоа можеме да го направиме заедно, преку зголемена соработка, споделување на знаења и ресурси и подавање рака за соработка кон сите.