Сите мерки кои ги креираме се со цел зголемено домашно производство на храна, а со тоа на долг рок намалување на увозната зависност на државата од значајни култури. Токму затоа навремено пред почетокот на жетвата излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците со нови мерки за јачменот и пченицата.




И оваа година, со заеднички сили и соработка меѓу земјоделците и преработувачите очекувам да имаме една успешна година со добар род и добри цени.
