НИКОЛОВСКИ: Со полна пареа го финализираме цевководот Макарија во делот на оштетувањето кое се случи неодамна
Секојдневно го докажуваме нераскинливото партнерство со земјоделците, стоиме на иста страна и делиме заедничка визија.
Со полна пареа го финализираме цевководот Макарија во делот на оштетувањето кое се случи неодамна. Експресно и брзо, во интерес на земјоделското производство и производителите на праска, кајсија и грозје од Росоман и Градско, се градат последните позиции на овој главен цевковод низ кој за брзо време ќе протече вода за наводнување на обработливите површини.