📣 Нашиот јавен апел за гласање на Законот за гаранција во Собранието вродија со плод и ја симнаа неразумната блокада која ја вршеа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
🙋♂️Законот е изгласан од страна на пратениците на вчерашната седница и се обезбедени дополнителни 31 милиони евра заем и 14 милиони грант за финализација на проектот.
🛣️На мое огромно задоволство, жителите од североистокот и пошироко наскоро ќе возат по модерен пат изграден по светски стандарди со што ќе се скрати времето на патување и ќе се унапреди безбесноста во сообраќајот.
📈Овој пат кој е дел од коридорот 8 е од исклучителна важност за развојот на државата, раст на економијата и бизнисот и зајакнување на стандардот на граѓаните.