Не верувам дека со целото политичко искуство кое го има Арбен Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ изјави вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во Тема на денот на Сител телевизија. Николоски е дециден дека Владата има стабилно мнозинство.
– Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18. Има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ. Така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, бележиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно и стабилно мнозинство – заклучи Николоски.