Комерцијалната зграда која што се гради во општина Битола ќе биде понудена на продажба за 1000 евра за квадратен метар за станбена површина. Се намалуваат цените на станбениот квадрат на комерцијалните станови во Битола што ги гради државата. Како што информираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, целта е да се нормализираат цените на становите на пазарот, а следен чекор ќе бидат становите во Охрид и во Скопје. „Ќе понудиме пониски цени од тие што се нудат на пазарот на недвижности.
Комерцијалната зграда која што се гради во општина Битола ќе биде понудена на продажба за 1000 евра за квадратен метар за станбена површина, 500 евра за гаража и 2000 евра за квадрат деловни простории, како би можело да се влијае на енормно високите цени на пазарот за недвижности. Следни вакви комерцијални станови ќе се градат во Охрид, а ваков повик потоа ќе имаме и во Скопје бидејќи многу млади брачни парови не можат да си дозволат да плаќаат по 2000 или 2500 евра за станбен квадрат“, рече Николоски. Денеска во Кочани, вицепремиерот заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, беа присутни на доделување на социјалните станови на семејствата кои ги исполнуваа условите на јавниот повик. Инвестицијата за социјалната зграда изнесува 72 милиони денари, а се работи на изградба на вакви станови и во Прилеп, Македонска Каменица и Бутел во Скопје. Извор: Новинска агенција МЕТА