Благодарност до општинската администрација, основните училишта, градинките, НВО УРБАНО ГНЕЗДО Кривогаштани, ЛАГ Агро Лидер и сите граѓани кои се приклучија и дадоа свој волонтерски придонес за нашата општина да биде поубаво и почисто место за живеење. Се чистеше на повеќе локации во општината, се продолжува и викендот, при што, сите заедно допринесуваме за поздрава и позелена иднина. Целта на акцијата е да се собере што е можно повеќе отпад и да се подигне свеста на населението кон грижата за животната средина. Акцијата за чистење GENERALKA WEEKEND е една од активностите кои ги спроведуваме, за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклираье на отпадот и позитивно да влијаеме кон зачувување на животната средина.
Кога еден човек се грижи за својата околина, ги поттикнува и другите да го прават истото. Така се создава култура на одговорност и заедништво. Сите заедно треба да ги одржуваме нашите блиски дворови и улици, зошто тие ја прават нашата средина поубава. Мали чекори кои понатаму имаат тежина кон крајната цел – чиста и зелена средина за живеење. Еколошката акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана од општествено одговорни компании: EVN, Нула отпад, Мак Стил, Бучим, БИ Милк, Костал и Шпаркасе Банка, Пивара Скопје, Man and Moutain, Пакомак и други.