Претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, истакна дека „нема сомнеж кој кого нападнал, Русија ја нападна Украина пред 3 години“ и оти „ЕУ ја поддржува Украина“. Никој во Европа не сака војната да продолжи, Украинците сакаат мир, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на прес-конференција по состанокот на европските министри за надворешни работи во Брисел. Таа нагласи дека секоја одлука за ова прашање мора да биде донесена со учество на Европа и на Украина. – Договор без Украина и без ЕУ нема да успее, САД мора да соработуваат со нас – наведе Калас.
Калас утре ќе отпатува за САД каде што ќе се сретне со државниот секретар, Марко Рубио.