Никому ништо не наметнуваме. Подготвени сме, ова веќе сто пати го кажав, ако сакаат, ве молам, нека се случат овие преговори. И ние ќе бидеме подготвени да се вратиме на маса за преговори. Никој не ја исклучува Украина, истакна рускиот лидер коментирајќи ги руско-американските разговори кои се одржаа во вторникот во Саудиска Арабија. Претседателот Владимир Путин во средата го пофали исходот од разговорите Русија-САД во Саудиска Арабија и рече дека Украина нема да биде исклучена од преговорите за завршување на војната, jави Ројтерс. – Без зголемување на нивото на доверба меѓу Русија и САД, невозможно е да се решат многу прашања, вклучително и украинската криза. Целта на оваа средба беше токму зголемување на довербата меѓу Русија и САД – рече Путин во својот прв коментар по средбата на американска и руска делегација која се одржа во вторник во Ријад.
– Никому ништо не наметнуваме. Подготвени сме, ова веќе стопати го кажав – ако сакаат, ве молам, нека се случат овие преговори. И ние ќе бидеме подготвени да се вратиме на маса за преговори. Никој не ја исклучува Украина – истакна рускиот лидер. Според Путин, нема потреба од „хистерична“ реакција на разговорите меѓу САД и Русија.