Соединетите Држави нема да го добијат Гренланд, изјави во неделата премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Фејсбук како одговор на тврдењата на Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз големиот арктички полуавтономен остров. – Претседателот Трамп рече дека САД ќе го заземат Гренланд. Сакам да бидам јасен: САД нема да го добијат. Ние не припаѓаме на никого. Ние сами си ја одредуваме иднината – изјави Нилсен.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата не ја исклучи можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија, која постојано ги отфрла неговите обиди. -Ќе го земеме Гренланд, сто проценти-рече Трамп. За време на посетата на воената база во северниот дел на Гренланд во петокот, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја обвини Данска дека не прави добра работа во обезбедувањето на безбедноста на островот и сугерираше дека Соединетите Држави ќе направат подобра работа за заштита на стратешки лоцираниот остров.