Психијатарот Димитар Боневски, професор на УКИМ, кој во својата 35 годинашна кариера многу често работел и во затворите, вели дека за убиецот на 14-годишната Вања е многу тешко да се даде опис на личноста, бидејќи и најтешките форми на психопатогени личности не посегнуваат по живот на дете. Дури и сторителите на тежок криминал кога издржуваат казна во затворите тоа го имаат вградено во личноста – дека не се посега по детски живот, па кога ќе дојдат силувачи на деца, педофили, тие први страдаат од ваквите затвореници. Боневски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека мора да се направи дистинкција меѓу лудилото и убијците.
-Убиец не е равенство со лудило. Некаде околу 2-3 % во светот ги чинат луѓе со сериозни ментални растројства – што значи 90-97% од убијците ги чинат „нормални“ луѓе, кои немаат психопатологија, кои ние психијатрите би се изразиле дека тие луѓе се непресметливи. За да објаснам што е психопатолошко убиство – тоа подразбира дека убиството тоа го прави во некоја искривена реалност, го прави надвор од свеста што тој може да ја контролира. Ако се вратиме кон тоа кој ги прави убиствата, голем дел потпаѓаат на категоријата психопатија. Психопатија се подразбира тој тип на антисоцијално растројство, а едноставно објаснување, наједноставно е да се објасни со фројдвиот модел, кој вели имаме свесен дел од личност и два несвесни – ИТ (несвесно, желби, нагони, агресивност која е нормална манифестација во тек на животот) и супер его, која е несвесна, која се создава во текот на воспитувањето, како влијание од родителите, училиштето, општеството каде учиме што е добро, што не е добро (како плукање на улица, тепање, секако не и да убиеш). Тоа е вграден полицаец, кој постојано делува- тоа е совеста всушност, објаснува проф. Боневски.Како што вели, суштината е во тие антисоцијални растројства на личноста – има закажување на тоа супер его, контролата, кое атрофирало, е намалено, не е функционално, тие луѓе не се во состојба да ги контролираат агресивните импулси кои му доаѓаат.
-Тие некотролирачки импулси кои сакаат да се реализираат не ги контролираат, тука се задоволуваат веднаш и овие забрани кои се вградени, тоа го спречуваат. Тие препознаваат што не е по правила, тие одговараат за своите постапки, завршуваат во затвор кога ќе направат дела, но факт е дека тие не учат од искуството и затоа се случуваат рецидиви, затоа што структурата на личноста е таква. Нема равенство дека сите психопати убиваат. Не значи по дифолт дека се подготвени да направат вакви грозоморни чинови. Напротив, тие, најголем дел од овие луѓе склони да направат вакви дела, вклучително и убиства, тие во некакви околности, во затворски услови кога ќе дојде во затвор некој осуден за педофилија, сексуален акт, најголема опасност доаѓа од овие лица – кое сметаат дека детето не смее да биде повредено, кажа Боневски.Професорот смета дека тешко и неблагодарно да се даде генерална слика или структура на личност која може да убие дете. Според него, колку е поголем степен на таа психопатзогезираност на некоја личност, не сите имаат исто ниво на психопатзогезираност, екстремно високото ниво на импулс, неможност да се контролираат постапките, можат да бидат основа кои можат да доведат во одредени околности.
-Не ги знам овие околности, неблагодарно е да зборувам, но единствено објаснување е дека многу висок степ на психопатогенизираност и само чувство на лажна моќ, грандиозност, импулс, може да доведе во одреден момент да посегне по детски живот. Ни јас не знам по 35 години работа како психијатар. Но, видовме дека е можно и поради екстремна нејаснотија како може човечката психа да излезе од контрола. Освен теоретско нафрлување, кои се елементи во структурата кои можат да доведат до тоа некој да направи убиство, таков грозоморен чин и да убие дете. Не се сложувам дека паника може да биде причина на загуба на детски живот. Поверојатно е да се пушти дете во таква паника. Пак ќе кажам, зборувам теоретски, објасни психијатарот Боневски.
Мора да постојат сериозни патолошки механизми на одбрана, анализира психијатарот, доколку лице кои сторува такво дело, а може со мирна совест да се однесува по такво дело, без да се користат сериозно налудничави механизми. Нема друго објаснување да се нема чувство на морална одговорност дека се сторило такво дело, тоа значи дека висока е псиопатогогенезираност, отсуство на морал, макар трошка одговорност.