Нова кражба на бронзени бисти од гробни места на главните скопски гробишта – „Бутел“. Како што информираат од МВР, крадците одзеле уште две бронзени бисти од најголемите гробишта „Бутел“.
„На 09.06.2025 во СВР Скопје, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени две бисти со лик на починати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР. Во последните неколку месеци имаше барем десетина случаи на украдени бисти од гробишта.