Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм. Истрагата во УФП почна по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РСМ доставена во Основното јавно обвинителство. За финансиските „активности“ на Манчевски и неговата „Банана филм“, своевремено, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.
Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“. Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водеше истрага за сомнителни трансакции на 950.000 евра на „Банана филм. Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства и случајот го препрати до во Јавното обвинителството.
Изминатиов период, по реакциите на Агенцијата за филм каде што Манчевски требало да се оттчита за потрошените државни пари, да поднесе извештај како што тоа го налагаат Законот и актите на Агенцијата, повеќе медиумски трагаа по одговори и укажуваа на индикации за евентуалните финансиски злоупотреби на режисерот Милчо Манчевски и се обидоа да го расветлат случајот детално пренесувајќи аргументирани и документирани податоци кои упатуваа на финансиски злоупотреби во работата на „Банана филм“. Некои укажувања се однесуваa на работата на неговите филмови „Врба“ и „Мајки“.
Конкретно, за финансиското работење на „Банана филм“ за потрошени 950.000 евра за кои Манчевски и неговата фирма не доставиле извештај во Агенцијата за филм. Исто и за паричните трансакции на „Банана филм“, продукцијата на Манчевски, која парите ги насочувала кон неговата компанија во Њујорк, САД, за што, и за овој случај, беа известени сите надлежни инстанци меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција. Тогаш медиумите регистрираа и повеќе обиди за попречување на истрагата. Пренесуваа активности на режисерот Манчевски во насока на манипулирање на дел од државните институции како со Антикорупциската и со една од невладините организации чија тема на ангажирање е корупцијата. Режисерот Милчо Манчевски е корисник на Национална пензија што државата ја доделува на заслужни уметници.