Во врска со трагичната несреќа која се случи на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани, сите семејства на повредените кои ќе бидат лекувани во Република Бугарија можат да се обратат за каква било помош или информации:
Информации за лекување и болници: Обезбедување на сите потребни податоци за медицинските установи каде се лекуваат повредените, како и процесот на прием и третман. Помош за престој: Организирање на логистичка поддршка за престој на семејствата на повредените, вклучително сместување и превоз Психолошка поддршка: Обезбедување на контакти за психологска помош и советување за семејствата кои минуваат низ оваа тешка ситуација. Со цел да обезбедиме поддршка за сите засегнати, ги обезбедивме следниве телефонски броеви за контакт, кои ќе бидат активни од 21:00 часот, македонско време:
+359886007837 +359886007767 +359886007197