Градоначанлникот Ангов за Мета.мк потврди дека „Д-Фест Дојран“ ќе се одржи во Дојран од 25 до 27 јули во соработка со „Висуал продакшн“. Во Дојран кон крај на јули ќе се одржи фестивалот „Дојран Д-фест“ кој ќе трае три дена, организиран во соработка со „Визуал продакшн“ од Струмица, потврди градоначалникот Анго Ангов за Мета.мк. Во март годинава, „Пасворд продукција“ на социјалните мрежи објавија дека фестивалот ова лето ќе промени локација и ќе се „сели“ во Штип.
„Ова лето, за јубилејната 15-ка, нашиот фестивалски караван продолжува кон Штип, опкружени со планини и река, под Исарот. Тоа е новата дестинација за најпозитивната фестивалска дружина, нов простор за магија и ново платно за испишување на највозбудливите фестивалски приказни“, објавија на социјалните мрежи од „Пасворд продукција“, поранешните организатори на фестивалот.
Тие напоменаа и дека фестивалот се преименува во „The Festival“. Градоначалникот Ангов вели дека и покрај тоа што соработката со претходната продукција згаснала сепак има надеж дека Дојран ќе има успешен фестивал. “Соработката со Пасворд ни беше прекината, најдовме друга продукциска куќа која во соработка со нас ќе го организира фестивалот и веќе имаме доста резервирани артисти. Ќе бидат истите бини, истите места, Дојран е на некој начин дом на фестивалот “ изјави Ангов. Извор: Новинска агенција МЕТА