Фото: Pexels / Anna-Shvets
Луѓето кои носат две копии на генот AПOE4 речиси сигурно ќе добијат Алцхајмерова болест и ќе се соочат со симптоми на порана возраст, објавија научниците во новата студија, а пренесува „Ројтерс“.
Оваа прекласификација би можела да го промени истражувањето на оваа болест, дијагнозата и пристапите кон лекувањето, велат научниците чие истражување е објавено во списанието „Нејч медисин“ (Nature Medicine).
„Она што го кажуваме со овие податоци е дека тоа може да биде генетска форма на болеста, а не само индикација за факторите на ризик“, рече Стерлинг Џонсон од Универзитетот во Висконсин, коавтор на студијата.
Науката веќе три децении знае дека луѓето со две копии на генот AПOE4 имаат значително поголема веројатност за развој на оваа болест отколку луѓето со почеста верзија на генот AПOE – AПOE3.
Околу 2 до 3 отсто од општата популација и околу 15 отсто од луѓето со Алцхајмерова болест имаат два варијанти на AПOE4 гени.
„Оваа студија дава убедливи податоци кои сугерираат дека луѓето со две копии од генот речиси сигурно дека ќе развијат Алцхајмерова болест ако живеат доволно долго и ќе ја развијат порано отколку луѓето без генот“, рече професорката Тара Спајрс-Џонс од Универзитетот во Единбург., експерт за Алцхајмерова болест која не била дел од студијата.
Хуан Фортеа од Универзитетот во Барселона и неговите колеги истражуваа повеќе од три илјади донирани мозоци од американскиот Координативен центар за Алцхајмерова болест, како и биолошки и клинички податоци од повеќе од 10 илјади лица од три земји.Тие открија дека до 65-годишна возраст, најмалку 95 отсто од луѓето со два гени AПOE4 имаат абнормални нивоа на протеинот поврзан со Алцхајмерова болест во нивната цереброспинална течност, а 75 отсто од нив се позитивни на амилоид во мозокот.Истражувањето покажува дека хомозиготите на AПOE4 исполнуваат три критериуми за генетско заболување: речиси секој со двете варијанти има предиспозиција за Алцхајмерова болест, развива симптоми на исто ниво, а клиничките и биолошките промени се случуваат на предвидлив начин, велат истражувачите.