Кога експертите препорачуваат исхрана за поздраво стареење, здравје на срцето или намалување на ризикот од рак и хронични болести, честопати ја нагласуваат важноста на овошјето и зеленчукот, мешунките и немрсните извори на протеини како што се пилешкото месо и рибата. Иако упатствата за исхрана сѐ повеќе се наклонети кон растителна храна, пилешкото месо сè уште се смета за поздрава опција меѓу видовите меса. Меѓутоа, новата студија објавена во списанието „Нутриенс“ (Nutrients) сугерира дека пилешкото месо можеби не е толку здраво како што се сметаше претходно. Научниците ја проучувале врската помеѓу консумирањето живина, карциномите на гастроинтестиналниот тракт и ризикот од предвремена смрт. Терминот живина вклучува пилешко и мисиркино месо, месо од патка и диви птици како што се препелицата и фазанот.
Обрнете внимание на вкупниот внес на месо Истражувачите откриле дека вкупната количина месо што ја консумира поединецот игра голема улога во зголемувањето на ризикот од смрт, дури и кај луѓе се хранат според медитеранскиот начин на исхрана. Кај учесниците кои починале од други видови на рак, црвеното месо сочинувало повеќе од 65 отсто од вкупниот внес на месо, во споредба со 56 отсто и 58 отсто кај оние кои починале од гастроинтестинален рак или други причини. Повеќе од половина од смртните случаи поврзани со рак биле забележани кај луѓе кои консумирале повеќе од 400 грама месо неделно, дури и кога се хранеле според медитеранската исхрана. „Веруваме дека е корисно умерено да се консумира живина и повремено да се заменува со други вредни извори на протеини, како што е рибата“, заклучиле авторите. „Исто така е клучно да се обрне внимание на методите за подготовка на храната и да се избегнуваат високи температури и долго готвење“, додадоа тие.