На 18.02.2025 година, околу 15:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Р.Р. од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од селото Страчинци, скопско.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје.