МАКТЕЛ

     

Нова цена за бугарска адреса за баратели на државјанство

      

Редици пред пасошка служба во Бугарија во 2018 годинаФотографија: DW/Vildan Bajrjamova
До 100 евра пораснала тарифата за обезбедување адреса за кандидирање за бугарско државјанство со регистрација во Ќустендил, соопштиле лицата кои помагаат во таквата постапка, објави БНР.Според медиумот, пред 10 до 15 години му се плаќале по 50 лева на сопственикот на имотот кој ја давал својата адреса за регистрација при барање за бугарско државјанство.

„Тогаш на една адреса имаше регистрирани над 500 луѓе. Сега тарифата скокнала до 100 евра заради малата понуда на адреси – едноставно капацитетот на градот се исцрпил. Со двојно државјанство, регистрирани во Општината се околу 15.000 лица, околу 15 отсто од вклучените во избирачките списоци за претстојното гласање на 2-ри април (…) Прави впечаток тоа, што во последните месеци, откако односите со Северна Македонија се влошија, а во соседната земја антибугарските расположенија ескалираат, бројот на баратели за бугарско државјанство е намален”, објави БНР.

   

Петстотини лица на една адреса во Ќустендил или околината, не е податок кој ја изненадува бугарската јавност. Рекордот го држи реонот „Средец“ во Софија. Избирачкиот список во 2021 година покажа дека најголемиот број запишани гласачи Македонци со бугарски државјанство биле заведени на една иста адреса – улицата „Леге“ бр. 6. Воедно тоа е и адресата на која се наоѓа управата на реонот „Средец“.
„Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот“, објасни во март 2021 година градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков.

10 до 15 години му се плаќале по 50 лева на сопственикот на имотот кој ја давал својата адреса за регистрација при барање за бугарско државјанство.10 до 15 години му се плаќале по 50 лева (на фотографијата) на сопственикот на имотот кој ја давал својата адреса за регистрација при барање за бугарско државјанство.Фотографија: BGNES
До јули истата година, а во пресрет на парламентарните избори, градоначалникот преброил дека на улицата „Леге“ број 6 со службена адреса се водат околу 23.500 Македонци со бугарски пасош.

„Од Република Северна Македонија бројката е приближно 23.500. Околу две третини од регистрираните на оваа адреса се вклучени во избирачките списоци. Значи, од овие 23 илјади, пресметувајќи ги возрасните, приближно 16 илјади ќе имаат право на глас“, изјави Трајков.
Регистрирани на бандера
Три години претходно, во декември 2018 година, беше обелоденета уште почудна адреса за Македонци со бугарско државјанство. Катја Матева, поранешна директорка на одделението задолжено за издавање на државјанства во бугарското Министерство за правосудство, во интервју за „ЕУобсервер“ изјави дека „електричен столб (бандера) е пријавен како ‘дом‘ на илајдници Македонци со бугарско државјанство“.

Таа обвини дека тоа е дел од измамата организирана и измислена за продажба на сертификати за бугарски државјанства. Матева работела во Министерството до 2016 година, а била отпуштена бидејќи одбила да учествува во измамата.
„Илјадници луѓе се регистрирани на електричен столб“, изјави таа, истакнувајќи дека станува збор за село во близина на Благоевград.

Таа посочи дека градоначалникот на тоа место ја пријавил бандерата како адреса за Македонци кои платиле кеш за сертификати за да станат бугарски државјани, а плаќањата се вршеле среде бел ден „пред институциите во срцето на Софија“. Претходно, во интервју за неделниот француски магазин „L’Obs”, Матева откри дека откажала околу 60 такви апликации за натурализација, по предупредување од Интерпол. Според проценка на Матева, за 11 години, колку што таа ја вршела функцијата, годишно најмалку по 5.000 луѓе без бугарски корени успевале да купат лажен сертификат. Цените варирале од 500 до 7.000 евра, зависно од тоа колку е имотна личноста што се обидува да го добие сертификатот. Таа изјави дека дел од бугарската политичка елита има корист од измамата, а прстот го впери кон тогашниот заменик-премиер, Красимир Каракачанов, коалициски партнер во владата на Бојко Борисов.

Измените ја успорија процедурата
Истата година (2018) беше уапсен тогашниот претседател на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев. Според Обвинителството, тој лично барал и примал поткуп за издавање потврди за бугарско потекло на странски државјани без законска основа, а во некои случаи потврдите биле издавани дури и за еден ден. Обвиненија беа поднесени и против поранешниот главен секретар на секторот, Красимир Томов, и уште две лица. Заради корупција, во јуни 2021 година, Вашингтон ги стави под санкции и им изрече забрана на Харалампиев, Томов и нивните семејства за влез во САД.

Но, предупредувањата за ваквиот бизнис со државјанства, не беа нови. Уште во 2013 година, тогашниот заменик министер за правда, Илија Ангелов, двапати го известил Обвинителството дека Државната агенција за Бугарите во странство издавала потврди за бугарско потекло со прекршување на законот. Проверката покажала дека од 810 случајно избрани досиеја помеѓу 2011 и 2013 година, 717 не биле поткрепени со никакви документи.По скандалот со Харалпмиев, 44-тото Народно собрание формираше Анкетна комисија која предложи и во март 2021 ги усвои измените во законот за државјанство, со кои и се забранува на Државната агенција да издава такви потврди. Тоа треба да го прави нов Консултативен совет, кој сѐ уште не е формиран, поради тоа што земјата немаше редовна влада.

Според медиумски извештаи кои се повикуваат на податоци од Министерството за правда, од 2001 до 2022 година бугарско државјанство побарале 129.382 Македонци, а добиле 99.340. Поради измените во законот, бројот на баратели од РСМ бил намален, а забавени биле и постапките за оние кои претходно ја почнале процедурата, бидејќи не е формиран Консултативниот совет, нешто што треба да се случи по изборите, доколку се формира влада.

Петти избори за две години
Парламентарните избори во Бугарија на 2-ри април се петти по ред во последните две години. Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат во Битола ги поканија сите бугарски државјани кои имаат валидни бугарски лични документи и живеат или се привремено се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија, на денот на изборите да го остварат нивното право на глас на избирачките места што ќе бидат отворени во Битола, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица и Тетово. Согласно со податоците од спроведениот попис во 2021 година, 3.504 граѓани се декларирале како Бугари. До мината недела за гласањето на 2-ри април се пријавиле 169 лица.

Според претставници на македонските Бугари, зад слабиот одзив на гласање се кријат повеќе фактори.
„Највеќе од страв. По случаите со палења, пукање кој е тој што ќе се охрабри да гласа? Секој ќе се замисли дали да го стори тоа, ако мисли дека би можел да има некакви последици, да го изгуби работното место, егзистенцијата, или да се најде под притисок и напади“, изјави за ДВ Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, откако клубот минатата недела беше избришан од Централниот регистер.Според бројката на пријавени за гласање до минатата недела, најмногу се пријавиле во Кавадарци (42) во Прилеп (41) и Тетово (40), а помалку во Струмица (22) и Скопје (15) и најмалку во Битола (9).

   

Најново

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski
Вчитувам....