Новинарите денеска со спуштање на микрофони го бојкотираа пратеникот и претседател на движењето Самоопределување Албин Курти. Прес-акцијата беше спроведена затоа што Курти веќе подолго време одбива да дава изјави за медиумите. Таа симболична акција на новинарите кон пратеникот на самоопределување се случи по неизгласувањето на Аљбулена Хаџиу за претседателка на Собранието и неконституирањето на највисоката законодавна институција на Косово.
Прес-акцијата беше спроведена затоа што Курти веќе подолго време одбива да дава изјави за медиумите. Кандидатката на движењето Самоопределување за претседател на Собранието на Косово, Хаџиу ниту на денешната седница не успеа да добие доволно гласови за да биде избрана, па одлучено е седницата да продолжи в петок. Процесот на гласање се карактеризираше, како и досега, со несогласувања меѓу политичките субјекти и претставниците на немнозинските заедници. На седницата присуствуваа 117 пратеници, за кандидатурата на Хаџиу гласаа 57 пратеници, против беа 46, а воздржани тројца. Во гласањето учествуваа вкупно 106 пратеници.