Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки денеска изјави дека во моментов е против пристапувањето на Украина во Европската унија, наведувајќи дека Полска мора да го поддржи Киев од стратешки и геополитички аспект. Во интервју за унгарскиот портал Mandiner.hu, тој рече дека „како антикомунист, тој верува дека Русија е најголемата закана за целиот регион“.
„Тоа е пост-империјална, неокомунистичка држава, на чело со Владимир Путин, воен злосторник. Јас сум многу критичен кон Руската Федерација, каде што, патем, јас, како шеф на Институтот за национално сеќавање, ме прогонуваат. Ме чекаат пет години во логор за воени заробеници“, рече Навроцки.