Почитувани, Новиот трговски центар Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетителите во среда, 28-ми мај 2025 година. Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во Охрид ветува дека ќе го редефинира концептот за пазарување. Во Охрид Мол присутни ќе бидат познати модни брендови како “NewYorker” и “Sinsay”, потоа “D Sport” кој ќе биде најголемата спортска продавница во Охрид, како и еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, “DM drogerie markt”.
Дел од Охрид Мол ќе бидат и познатиот македонски ланец на маркети “Жито”, “Meга Фешн” – мултибренд аутлет на брендовите од групацијата Inditex – Zara, Massimo Dutti, Bershka и сл, “Office Plus”, “Duki Daso”, “Sara Fashion”, “Виа Фарм”, експозитура на Хaлк Банка, тобако продавница “La Familia”, парфимерија “Piano”, “IQOS”, “Umbrella”. Во однос на забавните содржини, “Уно” – досега најголемата игротека во градот со површина од преку 1.300m2 и вклучен lounge бар, ќе обезбеди забавно и безбедно катче за семејствата и нивните најмали членови, со таргетирана група од 2-13 годишна возраст. Дополнително, забавните содржини ќе ги збогати и “Playpark”, добро познат турски бренд, кој ќе понуди интересни активности за децата од школска возраст, односно над 7 години.
Од областа на гастрономијата, “Nocciolino Lounge Bar”, ќе биде место за релаксација на посетителите, нудејќи италијански вкусови на храна. Охрид Мол располага со сопствен паркинг за над 250 возила, авто перална, продавница за домашни миленици, цвеќара, гифт шоп, мобилара и останати придружни сервисни услуги. Програма на настанот:
13:00 – 13:30 Прием на гости
13:30 – 13:35 Поздравен говор
13:35 – 13:37 Говор на сопственикот г-дин Влатко Богоевски
13:37 – 13:47 Говор на Министерот за транспорт г-дин Александар Николоски
13:47 – 13:57 Говор на Градоначалникот на Охрид г-дин Кирил Пецаков
14:00 – 14:15 Сечење на лента
14:15 – 14:40 Официјална тура низ Охрид Мол
14:40 – 15:30 Пригоден коктел во кафе-бар
15:30 – 22:00 Отворање на Охрид Мол за јавност
Ве покануваме да бидете дел од отворањето на новиот трговски центар во Охрид.
Прес тим на Охрид Мол