„Новиот Opel Grandland веќе ја носи иднината во автомобилската индустрија на патиштата“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl пред неколку месеци. Жирито од AUTO BILD and BILD am SONNTAG јасно се согласи со ова мислење. Стилски, динамичен, простран и пред сè електрифициран во секоја верзија. Овој нов модел „made in Germany“ги убеди експертите со своите бројни предности. Освоени награди: „златен управувач 2024“како и „најдобар автомобил под 50.000 евра“, а ова е и 21-от „златен управувач“ за Opel. Клиентите наскоро ќе можат самите да ги искусат интелигентните врвни технологии кај најновиот модел, решенијата за удобност и портфолиото на електрични погони. За само неколку дена новиот Grandland ќе пристигне кај дилерите низ Германија.
Интернационално прославени најпродавани автомбили: Opel Corsa и Astra освојуваат награда
Opel Corsa со години ги освојува срцата на клиентите. Малиот автомобил на Opel е повеќегодишен најпродаван автомобил. Според последните податоци за регистрација на Федералната управа за моторен транспорт, ова е најпродаваниот мал автомобил во Германија четврта година по ред. Покрај тоа, овои и многубројни награди во последниве месеци, како што е неодамнешната награда „најдобар автомобил во класата“за 2025, како и „најдобро електрично градско возило“ за електричната Opel Corsa Electric во Германија. Во Велика Британија, малиот електричен автомобил доби неколку награди: Auto Express го прогласи за „електричен автомобил на годината“и „целокупен автомобил на годината“, а Carbuyer му ја додели наградата за „најдобро користен мал електричен автомобил“. Corsa Electric ја освои и награда „ЕВ за 2024 година“ во Холандија. Но, не само што самиот агилен мал автомобил е добро прифатен од клиентите и експертите, рекламната кампања „Yes, of Corsa“ освои вкупно 10 награди во различни категории од германскиот клуб на уметнички директори.
Opel Astra, која е достапна како атрактивен модел со пет врати, како и флексибилната, спортска и елегантна Astra Sports Tourer, е идеално возило за семејство, одмор и работа. Овие придобивки уште еднаш му помогнаа на најпродаваниот модел од компактната класа да постигнува успех до успех низ Европа минатата година. Во Унгарија, Astra Sports Tourer беше прогласена за „деловен автомобил на годината 2024“ и „омилен автомобил на јавноста за 2024“. Во Полска, Astra беше прогласена за „најдобар компактен автомобил за 2024“, во Велика Британија ја освои наградата „најдобар среден автомобил за 2024 година“ и „најдобар семеен автомобил“. Покрај тоа, верзиите со електрична енергија донесоа дополнителни награди. Компанијата Car & Van ја прогласи Astra Electric за „среден електричен автомобил на годината за 2024“ во Велика Британија. Во Финска, Astra Sports Tourer Electric беше прогласена за „најдобро електрично возило во Финска за 2025 година“ од Финската асоцијација за електротехника.
Комерцијални возила ориентирани кон иднината: Vivaro и Movano наградени за иновативни концепти
Комерцијалните возила на брендот, исто така, покажаа уште еднаш како го олеснуваат секојдневното возење, особено со решенијата за возење ориентирани кон иднината кои ја намалуваат емисијата на CO2. Пример е Vivaro Electric. Електричниот LCV сеопфатен автомобил беше прогласен за „најдобро средно електрично комерцијално возило 2024“ на британските награди за бизнис комерцијална возила.
Посебен белег меѓу комерцијалните возила е иновативниот концепт на водородни горивни ќелии, кој Opel сега го користи за прв пат во најголемиот член на својата гама на LCV, Movano. Со својата комбинација од погон на водородни горивни ќелии и батерија што се полни, новиот Opel Movano HYDROGEN може да помине повеќе од 500 km (WLTP) и може да се наполни со водород за помалку од 5 минути. За ветувачкото и одржливо решение, What Van? го награди Movano HYDROGEN со наградата „Editor’s Choice Award 2025“. Холандското жири на изборот за комерцијално возило на годината, исто така, го препозна идното потенцијално погонското решение и го награди Vivaro HYDROGEN со наградата „Promise of the Year 2025“. (Ветувачко комерцијално возило на годината 2025)
Наградите за Opel и Vauxhall за 2024
Astra и Astra Sports Tourer Среден електричен автомобил на годината за 2024 Компанија Car & Van, Велика Британија
Најдобар среден автомобил за 2024 Business Motoring награди, Велика Британија
Најдобар семеен автомобил Business Car (Бизнис автомобил), Велика Британија
Деловен автомобил на годината за 2024 COTY жири, Унгарија
Омилен автомобил на годината на јавноста за 2024 Online-гласање, Унгарија
Најдобар компактен автомобил за 2024 ‘Motor’ + AUTO.pl, Полска
Најдобро електрично возило во Финска 2025 Здружение на електротехника, Финска
Corsa Награда за најдобар автомобил во класата 2025 Еlectricar Magazine, Германија
10 награди за кампањата ‘Yes, of Corsa’ Клуб на уметнички директори, Германија
Најпосакуваното градско возило Награда „златен управувач“, Maкедонија
ЕВ за 2024 Здружение на деловни возачи, Холандија
Севкупен автомобил на годината Auto Express Used Car награди 2024, Велика Британија
Супермини автомобил на годината Auto Express Used Car награди 2024, Велика Британија
Eлектричен автомобил на годината Auto Express Used Car награди 2024, Велика Британија
Користен мал автомобил на годината Car Dealer Магазин, Велика Британија
Best Value Car 2025 Parkers награди, Велика Британија
Најдобар користен мал автомбил 2025 и најдобро користено мало електрично возило 2025 Carbuyer, Велика Британија
Grandland Златен управувач 2024 AUTO BILD and BILD am SONNTAG, Германија
Movano HYDROGEN Editor’s Choice награда What Van?, Велика Британија
Vivaro HYDROGEN 2025 Promise of the Year Award Комерцијално возило на годината, Холандија
Vivaro /
Vivaro Electric Најдобро средно комерцијално возило 2024 и најдобро E-комерцијално возило 2024 Награди за бизнис комерцијални возила, Велика Британија
Opel / Vauxhall SMARTBEST 2025 за ChatGPT Жири на AUTOBEST
Vauxhall Најдобра веб-страна на производители Business Car (Деловен автомобил), Велика Британија
За ЕУРОИМПЕКС
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.