Eвропскиoт комесар за миграции, Магнус Брунер (ОВП) денес во Стразбур ќе го претстави својот предлог за нов европски закон за враќање на нелегално влезените лица. Предлогот содржи значително построги правила од досегашните. Според него, депортацијата на нелегално влезените лица треба да биде поедноставна и побрза. Исто така, Брунер најави дека може да се воведат забрани за влез по основ на депортација до 20 години. Лицата кои се враќаат и се криминално одговорни може да бидат ставени во притвор. „Ова би важело за оние кои претставуваат закана за безбедноста“, објасни Брунер вчера во Брисел во разговор со австриски новинари. Тој нагласи дека е важно „лицата кои нелегално се наоѓаат во ЕУ, навистина да ја напуштат Унијата. „Имаме повеќе од доволно одлуки за враќање, но премалку реални депортации. Во моментов, според комесарот за миграции, само една од пет личности против кои е донесена одлука за враќање ја напушта ЕУ. Тоа е „неприфатливо“, вели тој. Затоа, тој сака да создаде поефикасен и покохерентен систем за враќање со унифицирани правила во цела Европа.
За него е важно законот да биде донесен како ЕУ-уредба, а не како директива: „Тогаш ќе има слични услови во сите 27 земји членки и тие ќе можат да делуваат побрзо“. Одлуките за депортација донесени во една земја членка во иднина автоматски ќе важат и во другите земји членки. ЕУ-наредбата за враќање ќе овозможи нелегалните мигранти да бидат вратени директно од земјата членка во која се приведени. Ова треба да го забрза процесот на враќање и да спречи повторно „исчезнување“ на лицата. Проблем често претставува дефиницијата на „безбедна трета земја“ во која може да се изврши враќање и дали таа земја воопшто ќе ги прими тие лица. Брунер најави ЕУ-концепт за безбедни трети земји до јуни 2025 година. Брунер сака да направи строга разлика меѓу оние кои легално живеат и работат во Европа и оние кои немаат право на тоа. Уште построги мерки ќе важат за оние кои сториле кривични дела и претставуваат безбедносен ризик. Според комесарот, многу земји членки побарале „масивни мерки“ во овој поглед. Контроверзните „центри за враќање“ (Ретурн Хубс) исто така ќе бидат возможни со овој предлог. Тие ќе бидат достапни само во случаи каде веќе постои одлука за враќање. -Ќе има и „гаранции за основните права – истакна Брунер, одговарајќи на острите критики од НВО и организациите за човекови права.
Директивата за враќање на ЕУ го регулира враќањето на лица од трети земји кои нелегално престојуваат во ЕУ. Сегашната директива беше донесена во 2008 година. Нејзината ревизија е еден од клучните проекти на комисијата на Фон дер Лајен и првата голема задача за поранешниот австриски министер за финансии, Брунер. Предлогот на Комисијата треба да биде усвоен од Европскиот парламент и Советот на земјите членки пред да стапи на сила. Експертите на Европскиот совет ѝ препорачаа на Австрија да им го олесни пристапот до пазарот на труд, професионалното образование и курсевите по германски јазик на барателите на азил, за да не бидат лесно жртви на трговија со луѓе. Ова произлегува од извештајот на работната група ГРЕТА , кој беше објавен во вторникот во Стразбур. Во веќе четвртиот циклус на евалуација, на Австрија ѝ се признаваат напредоци во борбата против трговијата со луѓе. Според извештајот, бројот на жртви е „релативно стабилен“ со околу 120 годишно, при што е забележан пораст кај мажите и кај лицата кои се експлоатирани на работното место. Жртвите сè повеќе се регрутираат преку интернет или социјалните мрежи, вели извештајот, кој се однесува на периодот од 2020 до 2024 година. Во декември 2023 година, експертите на Европскиот совет ја посетија и Австрија. Тие особено го пофалија фактот што препораките на ГРЕТА беа земени предвид при изготвувањето на националниот акционен план за борба против трговијата со луѓе.