Американски научници потврдуваат дека 65% од случаите на рак се предизвикани од случајни генетски мутации, кои се надвор од човечката контрола.Според американските истражувачи, многу случаи на рак се јавуваат поради чиста лоша среќа, наместо поради нездрав начин на живот, исхрана или дури и наследени генетски фактори. На секои тројца пациенти со рак, двајца ја развиваат болеста поради случајни генетски мутации, а не поради начинот на живот или наследни фактори.
Генетски мутации: главна причина за рак. Претходно, експертите проценуваа дека 30-40% од случаите на рак може да се спречат со поздрав начин на живот. Меѓутоа, неодамнешната студија на американските истражувачи сугерира дека случајните грешки или мутациите кои се случуваат во ДНК за време на клеточната делба во текот на животот на една личност може значително да придонесат за развој на рак подоцна во животот. Професорот Берт Вогелштајн од Медицинскиот факултет на Johns Hopkins University (USA) изјави: „Ракот не прави разлика според возраста меѓу оние кои се изложени на канцерогени материи како што е пушењето. Но, вистината е дека повеќето случаи се едноставно поради лоша среќа“. Повеќе за ова прочитајте ТУКА.