Владата донесе нови измени за електронско плаќање патарини, со цел да се забрза сообраќајот, да се намали чекањето на наплатните станици и да се поттикне користење на бесконтактни методи. Според информациите за „Блумберг Адрија“, мерките имаат за цел и да ја подобрат безбедноста и да ги намалат злоупотребите, со намалување на човечкиот фактор во наплатата. Измени:
Минималното дополнување на смарт-картички се зголемува од 300 на 500 денари.
Цената на МТАГ уредот се намалува од 1.200 на 1.000 денари.
Минималното дополнување за МТАГ се зголемува на 1.000 денари (претходно 300).
Корисниците на смарт-картички добиваат 2% попуст при секое плаќање.
Корисниците на МТАГ добиваат 3% попуст автоматски при поминување.
Рокот за плаќање на издадени казни се продолжува од 24 на 48 часа.
МТАГ уредите ќе бидат подостапни преку поширока мрежа на дистрибутери и продажни места.
Со овие мерки, се очекува зголемување на бројот на електронски плаќања, поефикасен сообраќај и подобро искуство за граѓаните, особено во периодите со густ сообраќај.