Во Сараево се регистрирани три нови случаи на бруцелоза, од кои двајца се хоспитализирани, соопшти денес Институтот за јавно здравје на кантонот Сараево. Од прогласувањето на епидемијата на бруцелоза на 23 мај, до денес се пријавени 67 случаи на оваа инфекција, додека нема смртни случаи.
За време на епидемијата се преземаат мерки пропишани со закон во врска со пријавување, епидемиолошко истражување, надзор на заразените лица, здравствена едукација на населението, зголемена дератизација, итна дезинфекција на возилата за јавен превоз и зголемена хигиена на јавните површини и собирање ѓубре. Бруцелозата се јавува ненадејно, придружена со симптоми слични на грип: треска, главоболка, постојан замор, болки во мускулите и зглобовите итн. Појавата на повремена температура е многу честа.