Денес извршив увид во проектот за изградба на тротоари на улицата “Кочо Рацин”, на потегот од црквата Пресвета Богородица до градските гробишта, со вкупна должина од 570 метри.
Работите се на самиот крај и се очекува да завршат за неколку дена.
Општина Пробиштип за овој проект обезбеди средства преку ТАВ програмата и тие изнесуваат 4.6 милиони денари.
Општината ќе продолжи да работи за подобри услови за сите граѓани.