– Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза”. И тука, од една во друга клиника, во овој кампус, исто така, правиме таков тип на хоризонтална мобилност на профилите. Тоа се случува бидејќи досега за жал креирани политики во здравството биле само врз основа на семејни или другарски односи, а не врз основа на реални потреби што Министерството ги има за стручен кадар, рече тој.Тој рече дека набрзо ќе се отворат нови места за што има потреба.
– Ние набрзо ќе отвориме уште 300 слободни места за специјализанти, во профили од кои навистина имаме потреба. Немаме радиолози во државата, па затоа и таму се случува пациенти да чекаат со денови за резултати за читање на слики. Триста веќе беа објавени и се завршени, а 300 ќе се објават од наредната недела, додаде Алиу.Тој истакна оти битно е дека профилот мора да биде компатибилен со потребите на здравствениот систем.– Ќе инсистираме на тоа, истакна министерот Алиу.