Предновогодишната атмосфера во Скопје сепак се чувствува благодарение на отворањето на „Зимзоленд“ што се одржува на паркингот пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во населбата Аеродром. „Зимзоленд“ ќе трае до 19 јануари, а организаторите најавуваат повеќе музички настани за сите возрасти, „свирки“ во живо, настапи на диџеи и тематски вечери како што се латино хип-хоп вечери и караоке шоу. Најмногу радост на младите им донесоа лизгалиштето и забавниот парк со неколку адреналински реквизити.