12.8 C
Скопје
30/03/2025 09:16
МАКТЕЛ

    

Новото нормално изгледа прилично страшно

      

Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача  на САД да ги тргнат рацете од островот. Изјавите што ги даде Венс од воената база не се само неоколонијалистички, туку изгледаат и прилично застрашувачки за светскиот поредок. Речиси да имаат синоним во непредизвиканата руска агресија на Украина. И тие инстантно се претворија во најцрн дипломатски кошмар за Данска, бидејќи самоуправниот Гренланд формално е данска територија.

Пред да наведеме некои од многу радикалните пораки на Венс ќе се навратиме на она  одушевување што го имаше (а можеби и сѐ уште го има) премиерот  Христијан Мицкоски  од говорот на американскиот потпретседател на Минхенската безбедносна конференција. На годишната конференција на американските конзервативци во Мериленд, Мицкоски не беше говорник, туку беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд. Во разговорот Мицкоски рече дека говорот на Венс во Минхен бил историски настан. „Не велам дека сум во право, можеби некои европски политичари ќе ми се налутат, но тоа беше инспиративен говор. Важно е дека по говорот некои од публиката го критикуваа Венс, а некои рекоа дека тоа било своевидно мешање во внатрешните работи на суверени држави, бидејќи потпретседателот Венс наведе многу примери кои не се во согласност со слободата на говорот, со демократијата, со нашите споделени вредности“. Потоа веднаш по враќањето дома во општина Гази Баба, ја повтори оваа егзалтација. „Таа е линијата, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие што први го запоседнуваат теренот. Тоа е мојот начин на работа, нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот, па потоа кој и да дојде, втор, трет се реди зад тебе. Мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално“.

Христијан Мицкоски и Ричард Гренел
Фотографија: Nordmazedonischer Premierminister Hristijan Mickoski

   

Неколку дена подоцна, на 27 февруари, Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, ја нападна Европската унија, повторно цитирајќи го говорот на потпретседателот Венс за недозволивоста од мешање во внатрешните работи на други држави. „Ако некој не го сфати говорот на Венс за мешањето во внатрешните работи, што да кажеме“, рече Мицкоски, посочувајќи ги како такви примери промената на името и знамето на државата, а сега и барањето за промена на Уставот, додавајќи: „Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, не знам што е“.

„Данска не ја заврши својата работа“

А сега да видиме што е мешање во внатрешните работи и тоа од истиот тој Џеј Ди Венс, и тоа толку грубо да погрубо и не може да биде. Од територијата на Гренланд, од базата Питуфик, и тоа само неколку часа откако новиот премиер на гренландската влада, Јенс-Фредерик Нилсен го изјави ова:

„Ние не сакаме да бидеме Американци. Не, не сакаме да бидеме Данци. Ние сакаме да бидеме Гренланѓани и сакаме своја независност во иднина… И сакаме сами да ја изградиме нашата сопствена земја“. Дали е важно во новото нормално  кога претседателот Доналд Трамп пред некој ден изјави дека „на овој или оној начин ние ќе го земеме Гренланд“. И дали е дипломатски умесно, па и навредливо за земјата чија територија е Гренланд, да се зборува со толку навреди токму од таа територија. Затоа, за да ги разберете облиците на тоа ново нормално еве неколку од изјавите на  Џеј Ди Венс од базата на Гренланд:

„Видете, рече претседателот, јасно е дека не мисли дека воената сила ќе биде неопходна, но тој апсолутно верува оти Гренланд е важен дел од безбедноста, не само на САД, туку и на светот. Гренланд е исклучително ранлив во моментов и се надевам дека народот на Гренланд ќе биде партнер со САД“.

„Ние би можеле да ги направиме многу побезбедни, би можеле да направиме многу поголема заштита и мислам дека тие би стоеле многу подобро и економски“.

„Ова мора да се случи, а причината поради која мора да се случи, мразам да го кажам тоа, е затоа што нашите пријатели во Данска не ја завршија својата работа за да ја зачуваат оваа област безбедно. Тие едноставно не го направија тоа“.

„Она што мислиме дека ќе се случи е дека Гренланѓаните ќе изберат, преку самоопределување, да станат независни од Данска, а потоа од таму ќе имаме разговори со  народот на Гренланд“.

„Не мислиме дека некогаш ќе биде потребна воена сила. Мислиме дека ова има смисла, и бидејќи мислиме дека луѓето на Гренланд се рационални и добри, мислиме дека ќе можеме да склучиме договор“.

Џеј Ди Венс во базата на Гренланд
Фотографија: Jim Watson/AFP

„Бидејќи она што значеше безбедносниот чадор на Данска е, всушност, тие сето тоа им го пренесоа на храбрите Американци и се надеваат дека ќе го платиме ние“.

„Се надевам дека ќе изберат да бидат партнери со Соединетите Држави, бидејќи ние сме единствената нација на земјата која ќе го почитува нивниот суверенитет и ќе ја почитува нивната безбедност, бидејќи нивната безбедност е во голема мера наша безбедност“.

„Треба да се разбудиме од неуспешниот 40-годишен консензус кој рече дека можеме да го игнорираме навлегувањето на моќните земји додека тие се прошируваат во нивните амбиции. Не можеме само да ја закопаме главата во песок или на Гренланд, да ја закопаме главата во снег, и да се преправаме дека Кинезите не се заинтересирани за оваа многу голема копнена маса. Знаеме дека се“.

Овие повеќе цитати се важни да се разбере „новата нормалност“ на американската политика, заедно со тарифите од 25 отсто за сите странски возила што се продаваат во САД. Од што штета ќе има и македонската автомобилска индустрија. „Ефектите ќе бидат лоши, пред сѐ за автомобилската индустрија во Европа, но посредно и за компаниите во нашата земја кои произведуваат компоненти за автомобилската индустрија“, рече Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“ и прв човек на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во изјава за „Независен“.

Тревога во Словачка

Друг еден европски играч, словачкиот премиер Роберт Фицо, исто така беше воодушевен од новата нормалност во Америка. Тој имаше и посебен говор на конференцијата на американските конзервативците во февруари. Па дури и претседателот Трамп поименично го спомена во своето обраќање на конференцијата заблагодарувајќи му се лично. Фицо таму се сликаше со Илон Маск, лобираше словачката автоиндустрија да биде поштедена од санкциите што уште тогаш се најавуваа, но сега разбра дека тој и неговата земја биле само една од играчките во „новото нормално“.

Словачка е автомобилски центар. Во земја со 5,4 милиони жители, минатата година се произведени околу еден милион возила. Автомобилската индустрија е движечка сила на економијата на земјата, која вработува 200.000 луѓе. Словачка е домаќин на четири производители на автомобили, поддржани од голем број производители на компоненти. Покрај „Киа“, „Јагуар Лендорвер“, „Стелантис“ и „Фолксваген“, наскоро ќе им се придружи и фабрика на „Волво“.

Владата на Фицо се надева дека тарифите на некој начин ќе се одложат. А ако не се одложат, тоа може да предизвика социјална и економска експлозија во земјата.

Дали некој во Македонија, особено оние што ги глорифицираат Трамп и Маск, и оние како Мицкоски кои го сметаат Венс како проповедник, пастор на новото време, воопшто помислуваат на понижувачкиот однос што го има новата американска администрација спрема Европа. Ако не помислиле, или не размислиле, само нека прочитаат некои секвенци од експлозивниот разговор преку апликацијата Сигнал на клучните луѓе во Вашингтон, на кој сосем случајно беше приклучен главниот уредник на-  списанието „Атлантик“, Џефри Голдберг.

Европски „неблагодарници“

Ако не сте ги прочитале деталите, еве само неколку од нив за да го сфатите презирот кој овој Вашингтон го негува спрема Европа, за време на  споделувањето на воените планови за нападот на Хутите во Јемен.

„Мислам дека правиме грешка“, напиша Венс до групата. „Три проценти од трговијата со САД тече низ Суец, а 40 проценти од европската трговија се одвива преку Суец“. Тој мислеше на Суецкиот канал меѓу Азија и Африка.

„Не сум сигурен дека претседателот е свесен колку е ова неконзистентно со неговата порака за Европа во моментов“, додаде Венс. Потоа, подоцна во размената, тој напиша: „Едноставно мразам повторно да ја спасувам Европа“.

Доналд Трамп, Џеј Ди Венс, Пит Гегсет и Мајк Волц
Фотографија: Mandel Ngan/AFP via Getty Images

Министерот за одбрана Пит Хегсет му рече на Венс: „Целосно ја споделувам вашата омраза кон европската неблагодарност. ПАТЕТИЧНО Е“.

Во интервју објавено во саботата, специјалниот пратеник на Белата куќа, кој е вклучен во преговорите со Русија, Стив Виткоф, му рече на поткастерот Такер Карлсон дека „Европа денес е нефункционална“. Тој додаде уште една точка: „Европа умира, за жал“.

Во анализата на американскиот магазин „Њусвик“ под наслов „Каков проблем има Џеј Ди Венс со Европа“, поранешниот француски министер за надворешни работи Ибер Ведрин ја претстави својата теорија за ставовите на Венс. „Администрацијата на Доналд Трамп  не гледа сојузници, само зависни лица кои ги смета за паразити“, рече Ведрин.

Запрашан дали тонот на Венс – и, во продолжение, самиот став на САД –  може да ја поттикне Европа кон долго посакуваната стратешка независност, Ведрин рече: „Немаше веќе глобален поредок под американско водство, само структура на воена доминација. Сега треба да одлучиме – дали ќе се браниме или ќе се рспаднеме под идејата дека заштитата повеќе не е бесплатна“.

Ведрин истакнува дека улогата на Венс се чини дека е да внесе јасност меѓу американските сојузници преку Атлантикот. „Неговото непријателство кон сојузите е намерно. Тоа е вкоренето во идејата дека надворешната политика треба да служи на тесен домашен наратив… Тоа го прави опасен, но, на некој начин, корисен. Тој ја принудува Европа да се соочи со прашање што го избегнуваше со децении“.

Ако е така, тогаш македонското водство треба добро да размисли зошто  нашата држава прва од регионот ги доби првичните 52,4 милиони евра  од Планот за раст на  Европската унија.  Од нив 24,4 милиони веќе се легнати на сметката на Министерството за финансии во Народната банка, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, а останатите 13 милиони евра се заем и се во процедура на исплата.

Исто така треба да размисли и за податоците од најновиот Евробарометар дека тројца од четворица Европејци гледаат корист од членството во ЕУ. Во бројки, тоа се 74 отсто од Европејците во сите земји-членки кои веруваат оти нивната земја има корист од членството во ЕУ. Рејтингот на ЕУ е на рекордно високо ниво откако прашањето за првпат беше поставено во 1983 година. Дури и во Унгарија на Виктор Орбан, 74 проценти сметаат дека има голема корист, пред Италија (67%) и Франција (65%). Бугарите во анкетата се на последно место, 61 отсто мислат дека имаат корист од членството во ЕУ.

Кога уште ќе се додаде дека огромниот дел од најтешко повредените во трагедијата во Кочани беа префрлени во европски болници, благодарение на системот за помош на ЕУ во вонредни ситуации, а од американскиот Стејт департмент не стигна ни порака со сочувство до нашето МНР или државата, а сите европски лидери го направија тоа, тогаш изгледа дека премиерот некако погрешно го разбира „новото нормално“. Тоа навистина изгледа како „ново нормално“, но тоа е на голема штета на Европа, а ние, колку што разбира географија секој основец, сме дел од Европа, а не од американската држава. Тоа веќе брутално го разбра словенечкиот премиер Роберт Фицо, а кога тоа по 2 април ќе почне да се разбира во фабриките за автомобилски делови во Охрид, Битола, Кавадарци, Прилеп, Скопје може да биде многу болно. Тогаш премиерот можеби ќе се потсети на неговите зборови: „Тука нема играње”.

(DW)

Љупчо Поповски 

  

Најново

Бугарска перцепција кон проширувањето на ЕУ: Мнозинството е за прием на нови членки, но…

Sase Ivanovski

Поплавени бројни општини во Република Српска, прогласена вонредна состојба во Приједор

Sase Ivanovski

Жичницата на Водно утре нема да работи, јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена

Sase Ivanovski

Мицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: “Сите заедно мораме да го смениме системот”

Sase Ivanovski

Внимателно на патот Валандово – село Удово, има наноси од песок

Sase Ivanovski

Давкова со честитка за Рамазан бајрам: Да бидеме сплотени и обединети како заедница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Потресно сведоштво на херојот Јован: Се измокрив скршивме една врата и почнавме да ги извлекуваме луѓето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со врнежи од дожд

Sase Ivanovski

Хуманитарен гест: Собраниот приход од проекциите на КИНЕНОВА ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Сведоштва по земјотресот во Мјанмар: Со голи раце копаат во урнатините, граѓаните од страв спијат на улица

Sase Ivanovski

Верниците од исламска веросиповед го слават Рамазан Бајрам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талибанците ослободија Американка, јавно му се заблагодари на Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обилните дождови предизвикаа поплави во Хрватска и БиХ

Sase Ivanovski

Хамас се согласи со новиот египетски предлог за 50-дневен прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Упатство како треба да одговорите на операторите кои ве гњават со понуди на разни производи

Sase Ivanovski

Афионот, црното злато, повторно на трпезите

Sase Ivanovski

Најголемите банки во светот…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вооружени командоси нападнале две возила на Variante Aurelia во Италија

Sase Ivanovski

СВЕТСКИ ПРЕВАРИ 2 | СЕ ИСКАЧУВАМЕ НА MYWORLD ПИРАМИДА! *НЕ ЗАФРКНАА!!*

Sase Ivanovski

СВЕТСКИ ПРЕВАРИ 3 | ФАРАОНОТ НА МАКЕДОНИЈА ИСПАЛИ! *целосна неозбилност!!* | ПИРАМИДАТА НА ЗОРАН ВИТАНОВ

Sase Ivanovski

Малку Хумор.-Музичари

Sase Ivanovski

Лета колата…

Sase Ivanovski

Бразилската амбасада во Буенос Аирес, изградена помеѓу 1978 и 1989 година, дизајнирана од бразилските архитекти Олаво Редиг де Кампос и Освалдо Цинтра де Карваљо

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп го отфрли предлогот на Путин дека ОН треба да управуваат со Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Не сите европски сојузници се согласуваат за предложените воени сили за Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Русија ги повредува меѓународните напори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

Мицкоски и Перински утре во посета на Општина Ново Село

Sase Ivanovski

СЗО предлага отпуштања и намалување на буџетот за петтина

Sase Ivanovski

На протестите во Истанбул прочитано писмо од затвор од Имамоглу

Sase Ivanovski

Данската премиерка оди во тродневна посета на Гренланд, средби и со новата влада

Sase Ivanovski

Пакистан: Најмалку 11 загинати, меѓу кои жени и деца, во напади со беспилотни летала против Талибанците

Sase Ivanovski

Вашингтон Пост: Трамп притиска да ескалираат зголемувањата на царините пред 2 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова снимка од Хамас со израелски заложник како на колена моли да биде ослободен

Sase Ivanovski

Новиот австриски канцелар Штокер избран за шеф на ОВП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Авионот А-130 има тенковска цевка, митралези, мини топ, ракети…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Синот на газдата на Али Баба оди на факултет во Торонто со Ролс Ројс и капут од десетици иљади долари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аца Лукас требало да биде српскиот Симон Трпчевски, беше голем талент, доби стипендија за студирање во Москва, избега од дома

Sase Ivanovski

„ТАКА НЕ СЕ РАЗГОВАРА СО БЛИСКИ СОЈУЗНИЦИ“ На данскиот министер не му се допаѓа тонот на американскиот потпретседател за Гренланд

Sase Ivanovski

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МЛАДА РАБОТНИЧКА ОД КОЧАНИ Се повредила на работа, известен е трудов инспектор

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ СО АМПУТАЦИИ, ИЗГОРЕНИЦИ И СО СКРШЕНИЦИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Се полни одделението за физикална терапија

Sase Ivanovski

СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Алармантно во Приједор и во Сански Мост, потопени куќи и возила

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Европа секогаш била и ќе биде проект на мирот

Sase Ivanovski

ОН: Хуманитарните операции во Мјанмар се отежнати поради оштетување на патиштата и инфраструктурата

Sase Ivanovski

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

Sase Ivanovski

Ифтарската вечера меѓу ВЛЕН и премиерот на Косово без публицитет и далеку од очите на јавноста

Sase Ivanovski

Антипедофилската организација „Пантер“ намами двајца сексуални предатори во Македонија

Sase Ivanovski

Дали Додик стаса во Москва, босанските медиуми ја разоткрија неговата порака

Sase Ivanovski

Поплави во БиХ

Sase Ivanovski

Таравари: Лидерска средба би било само губење на време

Sase Ivanovski

Американската амбасада во Сирија до своите државјани: Напуштете ја земјата веднаш!

Sase Ivanovski

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација

Sase Ivanovski

Нова понуда на Трамп до Зеленски, Украинците се згрозени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првите дилеми и првите одговори за истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд

Sase Ivanovski

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Sase Ivanovski

Илон Маск вели дека ја продал „Икс“ на неговиот стартап „xAI“ за 45 милијарди долари

Sase Ivanovski

Илјадници загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, потрагата по преживеани продолжува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс ја обвинува Данска дека не го штити Гренланд од Русија и Кина

Sase Ivanovski

Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360° од Солун: Двајца пациенти имаат тешка форма на респираторни повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интервју со директорот на „Пирогов“: Една пациентка е пуштена дома, кај другите се бориме со инфекци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден ден откако Зеленски изјави дека Путин ќе умре, лимузина експлодираше во центарот на Путин во Москва, никој не беше повреден.

Sase Ivanovski

Драма на небото над Хрватска, авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Sase Ivanovski

Тинејџер од Куманово е меѓу петте приведени лица кај кои полицијата вчера попладне пронашла и одзела дрога.

Sase Ivanovski

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова е вистинско балканирање

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што е ова Надице?

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Sase Ivanovski

Мастерпланот на Кензо Танге од 1963 година за областа Цукиџи во Токио е главен пример на архитектурата на метаболизмот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Прекрасно поминато попладне и благослов од мојот духовник, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.

Sase Ivanovski

Контролната кула на Олимпискиот парк Комазава во Токио, Јапонија, стои како архитектонско обележје од Летните олимписки игри во 1964 година.

Sase Ivanovski

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, поседувале и снимки, мајка пријавила во полиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кој е следен“ пред Собрание: Демократијата не прави пауза!

Sase Ivanovski

СИН ПРЕТЕПАЛ ТАТКО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ: Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Заканата од терористички напади во Македонија е на ниско ниво

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Шукова за излевањето на цијанид во Крива Река: „Дали некој свесно ја штити Булмак 2016?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

Sase Ivanovski
Вчитувам....