Калпротектин: Зошто е важен овој тест за вашето здравје? Дали ве мачат подуеност, болки во стомакот или дијареја што не поминува? Време е да откриете што навистина се случува во вашите црева! Фекалниот калпротектин тест е модерен, неинвазивен тест што помага да се открие дали постои воспаление во вашите црева. Овој тест овозможува да се разликуваат различни состојби како: синдром на иритабилно црево (IBS) и воспалителни болести на цревата (IBD), како Кронова болест или улцеративен колит. Кога треба да го направите тестот? Подуеност, Долготрајна дијареја, Болки во стомакот и грчеви, Необјасниво слабеење, Крв во столицата
Зошто е важно да се направи овој тест? Калпротектинот како маркер помага да се направи разлика помеѓу воспалителната болест на цревата (IBD) и синдромот на иритабилно црево (IBS), бидејќи IBS не предизвикува воспаление. Фекалниот калпротектин треба да се користи за следење на активноста на болеста кај пациенти со Кронова болест или улцеративен колитис.