– Пронајдено е телото на уште едно дете. Во овој предел се сомневаат дека се и телото на мајката и третото дете. Тежок момент, не можам да најдам зборови – изјави министерот за внатрешни работи на Албанија, пренесува VoxNews.
-Дојде моментот да го кажам и со солзи во очите, мора да се ослободиме од оваа ситуација. Сите ние мора да реагираме како општество. Дури и кога девојките не можат да реагираат, сите други треба да реагираат. Мора да ја зголемиме нашата моќ за да добиеме информации и навреме да интервенираме – додаде Бала.Да потсетиме, вчера беше објавено дека мајка и нејзините три деца се удавиле во реката Буна во градот Скадар, а се сомнева дека причина за ова е насилството што 31-годишен маж системски го вршел врз жената и децата.Продолжува потрагата по мајката и нејзиниот син.