Во текот на изминатата ноќ две лица загинаа, а четворица се повредени во напад на станбена зграда во иранскиот град Ком, според извештаите на иранските државни медиуми, пренесува Си-Ен-Ен.
Во нападот беше погоден четвртиот кат од зградата, а тоа се случи набрзо откако израелските одбранбени сили објавија дека почнале нов бран напади врз Иран.
Градот Ком се наоѓа во близина на тајниот ирански капацитет за збогатување ураниум Фордоу.
Неофицијално, Саид Изади, командант на палестинскиот корпус во иранските сили Кудс, наводно бил убиен во стан во градот Ком. Исто така, според неофицијални разузнавачки информации (RUMINT), генерал-мајор Абдул Рахим Мусави, новоименуваниот началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран, наводно бил убиен во израелски воздушен напад во областа Саларије во Ком, како дел од операцијата наречена „Раскрет лав“.Си-Ен-Ен го лоцираше видеото што покажува оштетување на зграда во југозападен Ком. На видеото се гледа како гори пожар на горните катови на повеќекатница.
Во исто време, полуофицијалниот Nour News објави дека противвоздушните системи се активирани над главниот град Техеран, 130 километри северно од Ком.