Кочанчани денеска се собраа на мирен протест. Тие бараат одговорните за трагедијата во дискотеката „Пулс“ да добијат правична казна, но бараат и дел од уапсените по ноќта на пожарот да бидат ослободени.
Пријателите и спортистите од клубот Спартак порачаа дека нивниот претседател Зоран Сребренов не треба да биде приведен. Според демонстрантите, тој не бил во дискотеката за време на пожарот, но им помогнал на десетици да бидат спасени потоа. Велат, никој од нив не знае зошто тој и уште неколку лица се во притвор и чекаат да бидат обвинети. Протестантите марширааа до зградата на Општина Кочани.