Серија моќни експлозии го потресоа главниот град околу 02:30 часот по Гринич, додека локалните власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи на одбивање на нападите. Руско ракетен напад кој што се случи утрово врз украинската престолнина уби најмалку еден цивил и повреди четири други лица, предизвикувајќи неколку големи пожари во градот со три милиони жители, соопштија украинските власти, пренесува Ројтерс. Серија моќни експлозии го потресоа главниот град околу 02:30 часот по Гринич, додека локалните власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи на одбивање на нападите. „Овој руски терор против Украина нема да запре сам од себе“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот, повикувајќи на единство меѓу партнерите за праведен крај на војна. „Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови.“
Перспективите за обновени мировни преговори за завршување на војната што Русија ја започна против Украина пред речиси три години се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил во контакт со Киев и Путин. Зеленски исто така изјави во вторникот дека Киев наскоро ќе одржи разговори со американски претставници. Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле шест од седумте балистички ракети лансирани во нападот. Од 123 дронови, војската соборила 71, а најверојатно користела електронски контрамерки против уште 40. Локалните власти на апликацијата Телеграм соопштија дека најмалку едно лице загинало, а четири се повредени, вклучувајќи и деветгодишно дете, во нападот врз Киев. Фотографии споделени од државната служба за итни случаи прикажуваат спасувачи како гасат пламен што го зафатил остатоците од ненаселена зграда во регионот околу Киев, каде што не се пријавени жртви. Ноќниот напад исто така оштети клучна инфраструктура и повреди две лица во северниот регион Чернихив, соопштија локалните власти. Извор: Новинска агенција МЕТА