Имено, по супер незивесното и драматично финале меѓу Аргенитна и Франција кое заврши на пенали со триумф на Аргентинците мегапопуларниот тенисер е „фатен“ на вечера во престижен ресторан во друштво на турската убавица Зејнеп Утка. Токму Зејнеп на својот Инстаргам сподели фотка со Новак која веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. „Прекрасна вечера со Новак Ѓоковиќ“, напиша таа под фотографијата, на која ги стави и неизбежните емотикони и срце. Зејнеп инаку е ко-основач на Глобарт, организација за современа уметност и филантропија фокусирана на корпоративни колекции и јавна уметност, а се претпоставува дека Ноле разменил некои нови визии и идеи со неа и дека Јелена била информирана за причините за оваа средба.