14.8 C
Скопје
16/06/2025 00:30
МАКТЕЛ

   

Нордиските и балтичките земји идни лидери на ЕУ

      

Како пишува Гардијан станува збор за таканаречената група НБ8, што е дипломатски назив за осум северноевропски земји: Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска.Поединечно, тие мали држави немаат голема тежина на меѓународната сцена кога станува збор за безбедност и политика, но од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, тие се сè повлијателни како заеднички глас кој врши притисок врз Западот да остане цврст и одлучен.

   

Она што ги прави особено привлечни е спојот на демократската стабилност, одбранбената интеграција и отпорноста на општествата. Нивниот модел сè почесто се споменува како пример за успешна регионална соработка.

Земјите се состануваат веќе децении НБ8 е формално основан во 1992 година, по завршувањето на Студената војна. Од тогаш премиерите, претседателите на парламентите, министрите за надворешни и одбранбени работи и високи државни функционери редовно се состануваат во рамките на овој формат.

Соработката првично беше замислена како начин стабилните и богати северни земји повторно да ги изградат врските со балтичките соседи, со кои ги поврзуваат векови трговија и културна размена, но по Втората светска војна ги изолираше советската железна завеса.

Нивната важност дополнително порасна во новиот период на глобални тензии и натпреварување на големите сили, во кој Арктикот, Северниот Атлантик и Балтичкото Море повторно станаа стратешки клучни области.

Остaр став кон руската инвазија на Украина

Светот брзо се менува, најважно е повторно да се вооружи Европа“, рече данската премиерка Мете Фредериксен, актуелна претседателка на форматот НБ8, објаснувајќи зошто Копенхаген повеќе не сака да биде дел од штедливиот блок во рамките на ЕУ, кој се противи на поголема потрошувачка.

Данска во јули ќе ја преземе и ротирачката претседателска функција во Советот на ЕУ, што дополнително ќе ја зголеми видливоста на северните земји. За разлика од средна Европа, каде што националните популисти зајакнаа и поттикнаа евроскептицизам и послаба поддршка за Украина, северните и балтичките земји остануваат цврста поддршка за Киев и евроатлантските одбранбени напори.Иако и тие ја заострија својата миграциска политика под притисок на сопствените популисти, нивниот став кон руската агресија останува одлучен.

НАТО и ЕУ користат фински и шведски пристап кон одбраната

 Profimedia

Земјите на НБ8 беа меѓу првите членки на таканаречената коалиција на доброволци, која ја основаа Франција и Британија за политичка и воена поддршка на Украина откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп привремено ја суспендираше американската помош за Киев за да го принуди Володимир Зеленски на мировен договор според руските услови.

Фредериксен го сумираше тоа: „Независноста на Украина и спротивставувањето на руската агресија се прашање од директен интерес за нашите земји, со оглед на географската близина до Русија“, рече таа.

И НАТО и ЕУ во голема мера го користат пристапот „целосна одбрана“ кој Финска и Шведска го применуваат веќе децении. Тој модел ги вклучува цивилното општество, јавниот и приватниот сектор во подготовка за кризни ситуации, одбрана и економска отпорност, особено во контекст на хибридно војување како што го водат Русија и Кина.

Многу фински бизнис лидери се и резервисти

Финска, на пример, има 5,6 милиони жители и само 24.000 војници во мирнодопските сили, но благодарение на системот на задолжителна воена служба и редовните резервни вежби може брзо да мобилизира војска од 180.000 луѓе, додека во резервата има дури 870.000 обучени војници.

Многу бизнис лидери се и резервисти, редовно посетуваат безбедносни семинари и законски се обврзани да одржуваат залихи, да делат логистика и да имаат дополнителни производствени капацитети за кризни ситуации. По два самостојни војни со Советскиот Сојуз во 1940-тите, Финска и денес има доволно засолништа за целото население.

Шведска минатата година испрати леток до 5 милиони домаќинства со упатства за постапување во случај на криза или војна, кој им советува на граѓаните да подготват залихи на нерасиплива храна, радио на батерии, светилка, прва помош и други основни потреби. Европската комисија неодамна препорача сите членки да преземат слични мерки.

Земјите на НБ8 ги координираат ставовите

Земјите на НБ8 редовно ги координираат ставовите пред состаноците на НАТО и ЕУ, иако Норвешка и Исланд не се членки, и усогласуваат надворешна политика низ целиот свет. Значење има што петте северни земји делат комплекс на амбасади и културен центар во Берлин, главниот град на најсилната европска економија.

EPA-EFE/Valda Kalnina

Во новата распределба на моќта во Европа, северните и балтичките земји имаат предност на стабилност и политичко единство. Со оглед на сè поголемата внатрешна нестабилност во Полска, блокадата во парламентот во Франција и италијанското двоумење околу поголеми инвестиции во одбраната, овие земји стануваат сè посакуван партнер на германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Сите членки на НБ8 ги поврзаа своите вооружени сили со Велика Британија и Холандија во рамките на Заедничките експедициски сили (ЏЕФ), кои се високомобилни единици подготвени за брзо дејствување. Исто така, соработуваат со НАТО за заштита на подводните кабли и гасоводи од саботажи од Русија и Кина.

Естонија предложи балтички ѕид од дронови

Некои од нив отидоа и подалеку во интеграцијата. Четирите северни воздушни сили годинава формираа заедничка дивизија во рамките на НАТО за да го спроведат таканаречениот Северен концепт на воздушна моќ, кој им овозможува на Данска, Финска, Норвешка и Шведска да дејствуваат како една целина со висок степен на подготвеност.

Трите балтички земји градат заедничка одбранбена линија на источните граници по примерот на украинските ровови, а се разговара и за естонскиот предлог за балтички ѕид од дронови, систем за надзор на границата со помош на вештачка интелигенција и противдронска одбрана. Сепак, иако делуваат посилно отколку што нивната големина сугерира, нивното влијание има ограничувања, наведуваат медиуми.

И овие држави се соочуваат со предизвици

Малите, отворени економии зависат од слободна трговија и стабилна глобална околина. Во рамките на ЕУ не успеаја да спречат олеснување на правилата за државна помош, што отвора простор за уште повеќе француски и германски субвенции за индустријата.Во поширок контекст, светот обележан со царини, пасивност кон климата и поделба на влијанија меѓу големите сили би бил исклучително неповолен за северните и балтичките земји. Сè поголемиот протекционизам и нестабилност може да означат почеток на големи предизвици за северна Европа.

   

Најново

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski

Дмитриев: Русија би можела да стане посредник меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Интервју со Наташа Бојчева, ветеринарка: Бричењето на крзното во лето може да му наштети на кучето

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни, едното го изела, другото е повредено

Sase Ivanovski

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ МАЖИ: 10 ЛАГИ ЗА ЖЕНИТЕ КОИ НЕ УЧАТ ВО ФИЛМОВИТЕ, ПЕСНИТЕ, МЕДИУМИТЕ…

Sase Ivanovski

Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

(Видео) СДСМ: Без одговорност на Тошковски и Јанев – нема правда за Кочани

Sase Ivanovski

Кирков: Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува

Sase Ivanovski

ОЈО ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти

Sase Ivanovski

Алиу најави: Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи

Sase Ivanovski

ИРАН ГО ЗАМОЛИЛЕ КИПАР ДА ПРЕНЕСЕ ПОРАКИ ДО ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ИДФ: Бараж ирански ракети пресретнати во северен и централен Израел

Sase Ivanovski

Индекс: Јадранoт преполн со „ничии“ банкомати што наплаќаат огромни провизии

Sase Ivanovski

Татковците во Македонија слабо си играат со децата

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше аеродромот Мехшед во североисточен Иран

Sase Ivanovski

ВИДЕО Нетанјаху го посети нападнатиот град, толпата му ја пееше „Биби, крал на Израел“

Sase Ivanovski

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

Sase Ivanovski

Жителите на „Марко Крале“ во Бутел со денови се гушат во смрдеа од ѓубре

Sase Ivanovski

ПУТИН ЧУВСТВУВАЛ ДЕКА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ТРЕБА ДА ЗАВРШИ Трамп се согласил, но му рекол дека и војната во Украина треба да заврши

Sase Ivanovski

ТЕХЕРАН ЌЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА СИЛАТА НА ИЗРАЕЛСКАТА РАКА Нетанјаху најави жестока одмазда, Израел нападна објект на иранското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Затворска казна за четворица обвинети за пожарите во близина на Атина во 2018 година – задоволство кај семејствата на жртвите

Sase Ivanovski

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР, обврска да постапува и презема дејствија е исклучиво на ЈО

Sase Ivanovski

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: Целиот имот на Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од дебарско, управувал возило со 2,69 промили алкохол во крвта 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”

Sase Ivanovski

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс, граѓаните бараат правда и затвор за убијците на животни

Sase Ivanovski

Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

Sase Ivanovski

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Sase Ivanovski

Таксист му зел 7.800 денари на Швајцарец од Центар до Средно Водно

Sase Ivanovski

Ѓоргиевски се жали: Властите во Македонија испраќаат порака до сите Бугари дека секој го очекува ова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицевски со коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

Sase Ivanovski

Уште се трага по убиецот на американската претставничка од Минесота и нејзиниот сопруг – ФБИ понуди награда

Sase Ivanovski

ОНКОЛОГИЈА ЛИЧИ НА СЀ, ОСВЕН НА БОЛНИЦА Министерот Алиу најави крај на тендерските доцнења и на чекалниците без столчиња

Sase Ivanovski

РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО 200 ДРОНОВИ И РАКЕТИ Киев цела ноќ соборувал „кинжали“, „искандери“ и беспилотни летала

Sase Ivanovski

Митева и Лефков: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Sase Ivanovski

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Sase Ivanovski

Направиле покрив на училиште во Богданци што при земјотрес може да им падне на глава на учениците

Sase Ivanovski

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

Герасимовски: Есенва симболот на Центар ,,КК Работнички” ќе игра во нова современа сала

Sase Ivanovski

Каракачанов: Додека Владата на Мицкоски е на позиција, Бугарија треба јасно да изјави дека во случај на уште еден антибугарски настан, ќе стави вето

Sase Ivanovski

Расте бројот на жртви во Израел по иранскиот напад, лидерите на Г7 на итен состанок во Канада

Sase Ivanovski
Вчитувам....