8.8 C
Скопје
30/01/2025 20:16
МАКТЕЛ

   

Ноќен воз со кушет-вагон

     

„Навечер во Келн, наутро во Загреб”, стоеше во еден германски весник како реклама за модерен ноќен воз со вагон за спиење. Во умот ми долетаа сеќавањата на патувања со такви ноќни возови во југословенското време.Ми требаше доста време да се сетам кое беше посебното име за вагонот за спиење.Кога почнав да ги повикувам во сеќавањето сликите на перонот на железничката станица во Скопје во седумдесеттите, одеднаш се врати и името. Кушет-вагон! Деновиве, пишувајќи текст на разделбата од вујко ми Коле Манев, повторно мислев на моето прво патување со ноќен воз во кушет-вагон. Уште поархаично сега ми прозвучи и името на ноќниот воз, затоа што правецот на кој сообраќаше, одамна не постои како железничка врска. Зборувам за прочуениот „експрес Атина-Париз” со кој од Скопје, во кушет-вагон, се патуваше до Париз.

Првата ноќ завршуваше со мугрите во Белград, а оттаму цел ден се патуваше низ Србија, Хрватска и Словенија. А кога се спушти втората ноќ од нашето патување, возот стигна во Венеција. Глетката на вечерниот перон во Венеција ми се стори волшебна.Таа беше симфонија од звуци, мириси и гласови. Возот бмрчеше тивко, како некој голем црн бумбар во мај, застанат во тревата за да земе малку сила, пред да продолжи со летот. Железничарите ги удираа со чекан тркалата, додека наоколу се ширеше мирисот на изгорен јаглен. Дури и кога патувам во Германија со најмодерни возови, јас, напати, силно го чувствувам тој мирис на старите возови. Секако, тогаш патувањето со воз беше авантура за сите сетила. Ги слушав гласовите на патниците, полни со возбуда, додека ги испраќаа роднините и пријателите. Мирисот на италијанските јадења долетуваше од внатрешноста на станицата до мене, заедно со мирисот на колонска вода од облеката на патниците. Тие стоеја под прозорецот, чекајќи да се качат во вагонот.

   

 

Од Скопје до Париз со воз

Ми се чини дека ништо не ја буди толку силно фантазијата и желбата да се создаваат приказни, како патувањето со воз. Тогаш, на станицата во Венеција, ноќта правеше се‘ да изгледа таинствено и волшебно. Впечаткот дека го допирам непознатото го зголемуваше италијанскиот џагор на патниците.Исто толку необична беше чудната униформа на италијанските полицајци, „карабинјери” ( Carabinieri), додека полека одеа по перонот или стоеја пред влезот во силно осветлената внатрешност на станицата, со жив поглед. Тој велеше дека ја имаат под контрола ситуацијата на паронот. Некои од патниците кои, како и ние, патуваа веќе една ноќ и еден ден, истрчуваа од возот, итајќи кон чешмата на крајот на перонот. И брзо полнеа вода во шишиња. Потоа уште побрзо трчаа да се качат во возот.Тие се пробиваа низ толпата народ, во кој неколку млади парови се разделуваа во љубовна прегратка. Малечките деца, во рацете на возрасните, им мафтаа невешто на патниците или си ги бришеа солзите. Се‘ беше како некоја сцена од роман, а јас, на моите осумнаесет години, знаев дека никогаш нема да ја заборавам таа слика на венецијанскиот перон.

Имаше нешто исконско во таа слика на возот што во ноќта се подготвува да тргне од Венеција кон Милано, а потоа кон другите италијански градови. Додека нивните жители се шетаа по улиците, седеа во кино-салите или на домашните вечерни трпези, ние копнежливо чекавме да тргнеме кон посакуваната цел. Потоа одекна писокот, возот почна полека да се лизга по шините, се‘ додека рамномерното тропање на железните тркала не стана единствената приспивна мелодија во ноќта.А ние брзо ги наместивме тесните кревети за спиење во вагонот со четири легла. Веќе сонував за тоа дека другиот ден напладне ќе стигнеме на прочуената железничка станица во Париз „Гар-де-Лион” (Gare de Lyon), а таму, во срцето на Париз, на перонот ќе не‘ дочека вујко ми Коле.

Во ноќта не прекинував да ја голтам глетката пред прозорецот. Луѓето во градовите низ кои поминуваше возот беа уште будни. Затоа што сите прозорци што ги гледав во далечината беа осветлени. Кога минувавме низ старите градови, во кои станиците се во центарот на градот, возот ја намалуваше брзината, а јас можев да гледам уште подобро во осветлените прозорци на куќите крај шините. И да се прашувам каков е животот зад тие прозорци.А кога ги изминавме градовите и возот возеше брзо низ темни полиња и шуми, ми стана многу јасна магијата на патувањата со воз во ноќта, во кушет-вагон. Имено, тоа беше како да станал реалност некој детски сон. Да патуваме кон копнеената цел во далечината, додека спиеме во своите кревети. И сонуваме дека патуваме за Париз! Тоа беше магично време во времето, зашто возот во движење никогаш не е на едно место, затоа е навистина како да патуваме во сонот.

Тоа време, кога од Скопје можеше да се патува во европската метропола Париз со воз, дури и за постарите меѓу нас се чини како да било во некој друг век. Толку брзо распаѓањето на Југославија во малечки држави ги уништи сите видови на меѓусебна комуникација. Уништувањето во постјугословенските војни го потисна сеќавањето на поранешната железничка поврзаност на Југославија со сите европски центри. Војните меѓу некогашните братски народи, новите граници, ги уништија не само старите културни и социјални врски меѓу нив, туку ја блокираа и реалната географска комуникација. Некаде прочитав дека за да се стигне денес во Сараево од Скопје, треба да се преминат неколку граници. Апсурдот на распаѓањето на некогашниот југословенски простор во малечки држави, затворени во себе како гета, објаснува зошто денес не е можно да се патува, како некогаш, со воз од Скопје до европските центри.Порано можевте со воз да патувате и од Келн до Атина.Сега има железничка врска од Келн со Атина која, затоа што минува низ неколку земји, не е воопшто привлечна за патниците. Од Келн до Будимпешта се патува без проблем, дури и со модерен ноќен воз со кушет-вагон.Но зад унгарската граница почнува „балканската авантура” и патувањето може да се продолжи делумно со воз и со автобус.

 

Негрижа за железничките врски во Македонија

Македонија железнички денес е буквално отсечена од останатиот дел на Европа. Според една информација во медиумите, катастрофална била и состојбата на сообраќајната мрежа во земјата. Со воз можело да се патува од Скопје само кон Велес, Битола и Гевгелија, а и тие железнички шини биле во лоша состојба. Паметам, порано можеше да се патува од Скопје за Куманово со воз. Некој ми рече дека таа линија повеќе не функционира, како и таа кон Кочани и Кичево. Во една пролет, во основното училиште, патувавме со воз од Скопје за Кочани. Тогаш од прозорецот го видов „урнекот” за некои слики на Личеноски: бескрајните сини полиња со афион во цут. Денес од 34-те градови во Македонија со воз можело да се патува само до три. Си велам, денес мора да се ретки децата во Македонија кои патувале со воз. Тие сигурно се плашат кога ќе поминат крај запуштената зграда на Железничката станица која, по земјотресот беше една од најмодерните. Кога Македонија стана самостојна држава, првата работа беше негрижата за железничките врски.

А старата железничка станица во Скопје беше една од најомилените градби. Затоа што секој со неа поврзуваше живи спомени.Секој имаше своја приказна за патувањата во светот кои започнуваа од таа станица.Таму 1956, кога имав пет години, ја испративме баба ми Веса, нашата кума, една од сестрите на баба ми по мајка, на долгото патување во Ташкент. На таа станица го испративме истата година вујко ми Стасе, на патување со воз преку Белград, Загреб и Трст до Ѓенова, каде што се качи на бродот за Австралија. И никогаш не се врати.

Денес не можете со воз да патувате од Белград за Сараево. Но, затоа денес има редовен ноќен воз од Келн за Загреб и за Сплит. Зошто? Затоа што Загреб е во Европа, а сите други градови југоисточно од него останаа во „длабокиот” Балкан. Иако првите железнички пруги се изградени во османскиот период. По нив сообраќал на Балканот прочуениот „Ориент експрес”, од Париз до Истанбул. Меѓутоа, обновата на железничката мрежа во Македонија се чини дека е ирелевантна за македонската држава. Затоа за младите луѓе денес во Македонија е сигурно незамисливо дека имаше време во кое на скопската железничка станица застануваше експресниот воз од Атина за Париз. (dw)

 

Кица Колбе

 

Најново

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа, потврди градоначалничката на Вичита

Sase Ivanovski

Има ли надеж за решавање на проблемот со ѓубрето во нашиот главен град?

Sase Ivanovski

Компаниите и училиштата во Куманово во заедничка мисија за стручно образование

Sase Ivanovski

Претседателот Вучиќ донесе одлука за помилување на 13 учесници на протестите во Србија

Sase Ivanovski

Отворено писмо до Европската комисија од ЕДРИ: Сега е време да се зајакне технолошкиот суверенитет на ЕУ

Sase Ivanovski

Патнички авион се судри со хеликоптер над Вашингтон, досега извлечени 19 тела

Sase Ivanovski

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Sase Ivanovski

УСС УКИМ: Дополнителните трошоци за материјални и онлајн ресурси не треба да бидат на товар на студентите

Sase Ivanovski

Битолски хирург осомничен за примање поткуп, од син на пациентка побарал 150 евра за да се „почасти“

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје, почина 22-годишна девојка

Sase Ivanovski

Ивермектинот се користи за лечење на разни болести кај луѓето, но нема медицински докази дека лечи рак

Sase Ivanovski

„На чекор од правдата“ – студентите од Белград тргнаа пеш кон Нови Сад

Sase Ivanovski

Не е точно дека словачкиот премиер Фицо „паднал“

Sase Ivanovski

Со акциски цени против бојкотот: Макарони намалени за цели 4 денари, продавниците полупразни

Sase Ivanovski

Контраспин: Љубчо во „србски“ манир им го честита празникот на Србите во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Јаневска за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование: Сите аргументирани барања ќе бидат прифатени

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

Sase Ivanovski

Јаневска: Јавната дебата за Нацрт-Концепцијата за гимназиско образование е во тек, по 24 години неопходна е реформа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки дожвеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Sase Ivanovski

Филков: Поразителни се бројките од анкетата за задоволството на судските услуги

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Граѓаните се решија на бојкот, ќе признаете ли дека згрешивте со погрешните политики?

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ постигна рекордни резултати во 2024 година, цели кон инвестиции од 95 милијарди евра за 2025 година

Sase Ivanovski

Кирков: ЈП Лајка потребно е да најде брзо, ефикасно и системско решение за трајно да го решиме проблемот со бездомните кучиња

Sase Ivanovski

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие институции ќе се реорганизираат под надлежност на министерствата

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа додели признанија од СЦО за особени заслуги за зголемување на ефективноста на институцијата: во втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Sase Ivanovski

Јаревски: Филипче да се потсети на времето кога тој беше министер за здравство, кога свесно се кршеле законите и се правел криминал

Sase Ivanovski

Јаневски: Не поддржуваме одлука која предвидува нередовни автобуски линии во руралните и приградските населби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта направи хаос со инспекторатите, пазарните инспектори не може да казнуваат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува бојкотот против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и сака да ги амнестира

Sase Ivanovski

Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Sase Ivanovski

Јаневска: Добро е за сите нас кога компаниите ја покажуваат општествената одговорност со инвестирање во образованието

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бојковски со порака до Арсовска и ЈСП: Месните и урбаните заедници треба да учествуваат во одлуката за менување на возните линии на ЈСП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чии кадри се бираат во Муртино, наместо во партиските органи

Sase Ivanovski

Лашкоска: Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС со најмизерни зборови ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите во кои растат и се развиваат децата

Sase Ivanovski

Стојановски: Ние советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаме за решавање на проблемот на граѓаните на Општина Сарај со водоснабдувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Има лавина реакции за лошата концепција-ќе преземете ли одговорност за уништување на критичната мисла?

Sase Ivanovski

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покрената иницијатива за почисти училишни дворови, ја подигнуваме свеста кај децата за грижа за животна средина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Марковска Илиевска по четврти пат поставува прашање, дали уредувањето и сите активности за мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, но одговор од Арсовска нема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кој лаже за бојкотот, Мицкоски или Трајко Славески со неговите срамни изјави?

Sase Ivanovski

СДСМ: (Најава) Претседателот Филипче во работна посета на Хрватска

Sase Ivanovski

Осврт на филмот Perfect Days, во режија на филмскиот автор Wim Wenders. Текстот е објавен на веб-порталот Трн.мк

Sase Ivanovski

Сите видови италијански сирења…

Sase Ivanovski

Осврт на антологискиот албум Station to Station на David Bowie, објавен во јануари 1976.

Sase Ivanovski

КИНЕСКИОТ „ЧАТ ГПТ“ КОРИСТЕЛ ПОДАТОЦИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ БОТ? „Спутник моментот“ на DeepSeek е полн со контроверзии

Sase Ivanovski

АСАД ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Новиот претседател на Сирија упатил барање до Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска одржав средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Патот Тетово-Призрен наскоро ќе стане реалност

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ја укина заштитата од депортација за 600.000 Венецуелци

Sase Ivanovski

Училиштата во САД се обидуваат да ги заштитат учениците без документи од имиграционите рации на Трамп

Sase Ivanovski

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

Sase Ivanovski

Мајк Џонсон го брани агресивниот почеток на Трамп, изјавувајќи дека „сè е на маса“

Sase Ivanovski

СУБВЕНЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ КОИ ЌЕ ПОСЕТУВААТ ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Sase Ivanovski

Службениците за имиграција: „Најлошото оди прво“, но сега нема „бесплатна пропусница“

Sase Ivanovski

Трамп му нареди на центарот за јавно здравство на САД да ги стопира сите заеднички проекти со Светската Здравствена Организација

Sase Ivanovski

Приведен 46-годишен Кумановец. Бил агресивен кон полицајци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа во Вашингтон, САД

Sase Ivanovski

Saturday Family Brunch – Секоја сабота во @groovelyn од 11:00 до 14:00 !

Sase Ivanovski

Француските весници го тужат Линкедин за користење на нивната содржина

Sase Ivanovski

Патуваме кон југот, регионот на Егејска Македонија, денес Северна Грција, каде можеме сеуште да посведочиме сочувани примери на традиционалната архитектура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Sase Ivanovski

Гешовски: Граѓаните „полудеа“ по производи на „Тему“ , а не стивнува и интересот за платформата „Алиекспрес“

Sase Ivanovski

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Sase Ivanovski

Лоран Бајрами направи увид на потпорниот ѕид кај Детска клиника кој почна да се распаѓа уште лани во јуни месец…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Франција загина средношколка, повредени се голем број ученици

Sase Ivanovski

Захарова: Не смее да се дозволи во Србија да владее хаос

Sase Ivanovski

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Sase Ivanovski

Министерството за финансии ќе продава државни хартии од вредност за 57 милиони евра

Sase Ivanovski

Телефонски број и имејл адреса пред печат за продолѓување регистрација – МВР го комплетира Сејф сити

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Глигор Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Внимание: Не растат платите туку цените – следува бојкот!

Sase Ivanovski

Пресуда против Италија за неактивност во справувањето со мафијашките диви депонии со токсичен отпад

Sase Ivanovski
Вчитувам....