Земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово информираше дека ноќеска во 1 часот и 10 минути бил почувствуван земјотерс во близината на Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓал 10 километри источно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Извор: Новинска агенција МЕТА